- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.530
- Поени од реакции
- 29.060
Детето на Вардар, Александар Пандовски, на кого му беше кажано дека стручниот штаб нема да смета на неговите услуги, се пресели во редовите на соседот Работнички. Стручниот штаб на „црвено-црните“ му соопшти на Пандовски дека за него нема место во Вардар за пролетниот дел од сезоната и му даде опција да замине во Миравци или пак во Брегалница како отстапен играч. Но, тој си побара исписница од клубот и замина во редовите на соседот Работнички.Пандо потпишал за Работнички...
Трансферот го потврди и спортскиот директор на Работнички, Игор Ангеловски.
„Потпишавме договор со Александар Пандовски за кого сметаме дека е млад и многу талентиран фудбалер, што апсолутно може да се вклопи во нашата концепција на работа. Работнички и понатаму продолжува да биде расадник на млади играчи кои потоа ќе се обиде да ги пласира на европскиот пазар, а Пандовски е токму таков. Реагиравме веднаш откако дознавме дека е ослободен од Вардар и успеавме да се договориме за во иднина да го носи дресот на Работнички“, изјави за ЕКИПА, спортскиот директор на „романтичарите“, Игор Ангеловски.
Работнички од недела повторно ќе замине на подготовки во Дојран, каде новиот тренер Роберт Певник ќе продолжи да ја подготвува екипата за пролетниот дел од сезоната. Планирани се и неколку пријателски натпревари, со Пелистер (06.02), Металург (07.02), БСК Борча (11.02), а потоа тимот се враќа во Скопје. До почетокот на пролетниот дел од сезоната, Работнички има закажано натпревари и со Смедерево (18.02), како и со Тетекс (26.02), што ќе биде и генерална проба пред продолжението на шампионатот.