Локо Софија и Пловдив се на рамниште на Металург и Вардар, летоска да не беа судиите Металург без проблем ќе ги торпедираа Локомотив од Софија. Реално гледано, нашите најдобри клубови во Бугарија би биле на средина од табела.
Словенечките клубови се послаби од македонските, но лигата им е на повисоко и попрофесионално ниво, а со тоа и примањата се далеку поголеми. Единствената екипа од Словенија која што успеала да елиминира македонски клуб е токму Публикум во оној наместен натпревар против Беласица, во сите други наврати губеле (Горица од Вардар и Работнички, Марибор од Силекс, Олимпија од Македонија ЃП). Ова ништо не мора да значи, но сепак според квалитетот не се подобри од нашите клубови, барем не од оние 3-4 најдобри.
Балдовалиев кога играше во Беласица беше супер играч, сега да бидам искрен не сум го гледал неколку години, но најверојатно би завршил работа во Вардар. Останува да видиме што планира раководството на клубот, но напаѓач(и) се потребни под итно!