Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Денес катастрофална игра на Беласица, никаква жар, битка, воопшто не ни играа на терен, едвај го поминуваа центарот од стадионот , без ниту еден упатен шут кон голот на Академија Пандев и освен измените у второ што покажаа малку повеќе желба, другото бледо издание. Десното крило на Беласица тотално изгубан у времето и просторо и не може да упате шут у ситуација у која и обичен рекреативец ќе упаташе силен шут и ќе дадеше гол.

Од друга страна и покрај бледата и катастрофлна игра на Беласица си стојат лошите судиски процени, при резултат 1-0 некаде 8 минута чист црвен картон за голманот на Академија Пандев кој ја избоксува топката вон 16метри, и два офсајди кои немаа о од офсајд каде што Беласица можеше да направи посериозна шанса при резултат 1-0, но севкупно заслужена победа на Академија Пандев.

Во 4 дуели гол разлика 9-0, боли, но тоа е.
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Се враќаат на "играта" од почеток на сезоната. Па немаа 1 ебен шут на гол Беласица. Незнам јас кој ги тренира, Кљанков да не им ја прави тактиката ? Академија им оддржа лекција по фудбал , по втор пат .
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Прв пат на стадион на Беласица од 13 Септември 2015 година, чуството специфично и уникатно, посебно поради самото значење на утакмицата по смртта на една од најголемите легенди на Беласица како и борбата да се соберат потребните финансиски средства за играч и дете на Беласица.

Многу нови дечки кои не пропуштат утакмица на Беласица , дедовци со своите внуци, таковци со синовите, старо и младо, машко и женско на стадион, едноставно без разлика на се што се случува и ќе се случува во и околу Беласица, самиот клуб е составен дел од ДНК на Струмица.

Искрено многу ми фалело да бидам на стадион, уште да се обезбеди опстанок, единственo вредно во овие 4 години би било да ги отпаднеме гадинките во втора лига, тоа би било рамно на титула.

Љубов која вечно трае !
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Ерупцијата после третиот гол е нешто кое не се опишува со зборови, може само да се доживее.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Толку среќа да се нема тоа тие страшна работа, таа топката само како помина покрај гол линијата и излезе од неа, уште ми се врти во глава филмот дека бев баш позади голот, исто така и другите шанси, ама што се покажа голманот на Работнички, што спасија од линија и се извлекоа.
Работнички имаше малку конкретна офанзива, кога Беласица за малце не си дадоа ефектен автогол и акцијава у која колумбиецот се прошета низ наша одбрана ко да е Марсело, едноставно само нам ни се случуваат вакви пехови.

Овие неколку победи дадоа бар малце надеж за спас (искрено бев оптимист) иако повеќето беа песимисти (оправдано), ја вратија публиката на стадион , но се беше некако задоцнето.

На крај повторно мачните сцени од годините наназад, пораз, наведнати глави, солзи, шок, неверица, но тоа што не те убило те прави посилен, денес бар се виде и кој играчи го сакат вистински клубот, навивачи кои останаа и навиваа без престан дваесет минути после пораз на празен стадион, но тоа е, кај нас ксмет там негде.

Догодина Беласица ќе има пеколно тешка задача за враќање во прва лига, но боже мој, ништо ново, ќе се издржи машки и овој пат, па наредното враќање во прва лига да биде од траен карактер.

После толку многу години апстиненција од пратење на Беласица, овие натпревари беа враќање на филингот кој го бев некако заборавил, адреналин, забава, страст, пасија која не се опишува со зборови, само уште крајот да беше среќен, но ќе огрее сонце еден ден и за нас.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.050
Поени од реакции
4.011
Ако тепа последно коло Беласица на Силекс, не ли решава гол разлика, оти гледам на резултати и википедија пишува дека гол разликата решава со исти бодови?
Меѓусебен дуел решава прво
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Денес сосема небитна утакмица и повеќе шанса за играчите кои во текот на сезоната немаа шанси да играт во првиот тим на Беласица да изиграт цел натпревар. Натпреварот во принцип досаден и монотон со добар гол од слободен удар на Беласица.
Мило ми беше што сепак имаше струмичани кои се решивме да одиме во Кратово и покрај тоа што сезоната беше завршена за нас, со клубот треба да си секогаш, и кога е најдобар и кога му е најтешко. Самите играчи изјавија дека ваквата поддршка им фалеше, а догодина нека ни се плаши втора лига :).
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
А зошто голем дел од сезоната (кога му беше на клубот најтешко нели) немаше никаква подршка од навивачката група ? Друго ме интересира какви се најновите информации околу клубот, дали Пинда ќе остане на чело и догодина ? Што со фузијата со Академија? Стадионот итн.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.102
Поени од реакции
3.948
Христијан Денковски и Зоран Балдовалиев уште се со клубот?
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Каква само игра и жар од Беласица во последните натпревари, дечкиве се борат и играт до максимум во сите натпревари, со срце и душа за клубот , со ваква пожртвуваност и борба во секој натпревар, се враќаме експресно во прва лига.

74415728_1535714333237308_8371396927878594560_n.jpg
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.159
Со Брегалница ја гледав баш и стварно машка игра покажаа дечките ама штета што не искористија толку многу шанси.А никој не ги рачунаше за фаворити на почетокот.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.102
Поени од реакции
3.948
Благој Стојанов уште е со клубот или си заминал? Го снема по второто коло па абер неам што бидна со него, дали е повреден или си отишол...

Многу ви е кнап играчкиот кадар, еден-двајца стартери да не ви бидат на располагање (како последното коло со Кит-Го кога фалеа Размоски и Паноски) и одма имате дупки оти немате замени (мораше со тинејџерине Спасов и Крстев да стартувате).

Ме интересира едино знаете што позиција игра оној Кирил Коколански што секое коло е на клупа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom