Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.148
Поени од реакции
4.029
И првава полусезона играа со подмладен тим од лани. Имаат сигурен опстанок, немаат шанси за промоција па ништо чудно вториот дел од сезоната само рутински да го играат и да гледаат да заштедат на трошоци.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.141
Пролетниот дел на полусезоната ФК БЕЛАСИЦА го игра без никакви реални амбиции , кога ќе се види дека ниту има опасност за испаѓање, ниту пак може да се влезе во повисок ранг, па се игра некако растеретено што даде можност да се видат некој доста добри натпревари барем за второлигашки ранг на македонски фудбал.

ФК Пелистер 3-0 ФК БЕЛАСИЦА

Натпревар на кој Беласица не одигра ама апсолутно ништо, цела игра беше од играчите на Пелистер, Беласица цел натпревар имаше само еден шут кон гол и тоа апсолутно без никаква барем можност да се направи опасност кон голот на Пелистер, прв натпревар на тимот, на гостински терен, против тим кој има амбиции за прва лига, па и по лошите одиграни пријателски, горе доле тоа беше максимумот.

ФК БЕЛАСИЦА 1-1 ФК Беса 1976

Е за овој натпревар и тоа како треба да ни биде мака што не го добивме, една отворена игра на ФК БЕЛАСИЦА, против најсилниот тим во лигата, цело време играње на отворен фудбал, доста шанси, гол, и на крај борбена игра и дечките гинеа до крај, но на крај како да се исплашија од победа, па по притисокот на Беса на крајот од натпреварот по една брканица ,нафрлена топка на втора статива каде немаше апсолутно никој и реализираа и го израмнија резултатот, оваа година дефинитивно најдобро изигран натпревар, штета што не заврши со три бода.

ФК Тетекс 1-2 ФК БЕЛАСИЦА

Прекрасна атмосфера за фудбал во Тетово, жално е се тоа што се случува околу Тетекс и се надевам оваа ќе биде последна година каде ќе се мачат да опстанат на ваков начин, солидно исполнета трибина, луѓето си го сакат клубот , на терен БЕЛАСИЦА не играше премногу, Тетекс го искористи тоа да го отвори резултатот, по што БЕЛАСИЦА притисна и со два еврогола (најдобрите оваа полусезона, па и на сезоната) го свртија резултатот за трета победа на гостувањата оваа сезона после оние во Куманово и Македонска Каменица.

ФК БЕЛАСИЦА 0-0 ФК Башкими

Единствен натпревар на кој не бев присутен сезонава поради работни обврски, но според тие што биле таму тврд натпревар, без фудбалска убавина или нешто посебно да се издвои од него.

ФК Победа 0-0 ФК БЕЛАСИЦА

Гостувањата во Прилеп се секогаш интересни, посебно ако се земе во предвид дека Прилеп и Струмица важеа за најфудбалски градови во државата , сепак овој пат далеку од оние дуели кои сме ги имале низ минатото, слаба посетеност на стадионот, Победа во тотално депресивна ситуација, играчи со искината опрема, на терен две млади екипи кои играа максимално според своите можности, прво БЕЛАСИЦА беше подобра, на крајот направија напори да притиснат Победа да даде гол, но немаа ниту еден посериозен шут кон голот.
Главен моментум кога еден од напаѓачите на БЕЛАСИЦА истрча од центар до 10 метра до голот на Победа, поминати 3-4 играчи во црвенобело и на крај наместо да го заврши цел тој маестрален продор со шут, од што немаше буквално сила по шпринтот или од страв само тој си знае топката ја врати на пеналтик за шпицот , лесна задача за противничката одбрана.


ФК БЕЛАСИЦА 1-1 ФК Осогово

Струмички карневал, струмичко чудо, се е кажано, поголем дел од играчите едвај движеа на теренот, Осогово се обиде тоа да го материјализира, поведоа, секоја прилика ја користена за прекини, БЕЛАСИЦА промаши и пенал, и при крајот израмни, два порази од овакво Осогово годинава, што ќе беа многу, ќе беа многу.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.141
Со оглед денес немаше организирано навивање однапред договорено, си отидов на натпревар на култната главна трибина на стадионот, со години Беласица ја немам гледано од неа, си одиш, си купуваш карта на главен влез, влегуваш, се позиционираш на место од каде се гледа најдбро на средина, ми фалеше гласот на Петрето кој ги бодреше играчите на Беласица и пцуеше по противници, загледувајќи се на тој дел на стадионот всушност сфатив како оние дедовци со кои израснав на таа трибина од основец до факс одејќи на натпревари повеќе ги нема, уште останата е онаа генерација која тогаш беа средновечни фанатици а полека и тие стануваат дедовци, колку само ми фалело она кога таму се знаат сите, старо/младо разменуваат муабет кој што правел пред да почне натпреварот и сите да се наострени со фокус само на терен, денес Беласица издоминира посебно прво, ама шпицов беше легендиште, што се успеа да промаши, е и за тоа треба да си талент.

Ептен ми беше ќејф да видам млади деца средншколци кои одат на натпревари, ги знаат играчите, одма со нив збориш за Беласица, не се за ултраси но и не треба, си треба да има и луѓе кои го сакат клубов од другата трибина, татковци дојдени со деца, тука и дедо, татко, син/внук, вракајќи ме во славните времиња на клубот кога тоа беше во дестици да не кажам стотици такви примери на кои ми се во ептен бледи сеќавања, мали деца кои одат на утакмица на Беласица исклучиво, иако клубов е во сенка на еден омразен ривал долги години сепак пак одат на Беласица, одма ми иде насмевка од муабетот кога низ парк возеа две деца со велоспиед и брзат абе еј денес Ајдуците играт да одаме да гледаме :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:, мислам и самата група не е свесна какво влијание има и дека деца одат да ја гледат групата дури во такви бледи изданија и ја сакаат,како во моите времиња , па затоа сум и оптимист дека за година-две-три ќе бидеме и во тој аспект како што доликува на град како Струмица, клуб како Беласица но и самото реноме и квалитет кои ги имаме, ама никако да го исполниме нашиот потенцијал.

Џабе некој фрла толку многу пари за да се претстави дека тој е новата "гордост" на градот, џабе игра ПМФЛ, џабе освои куп, џабе отвара фаншопови, раздава дресови, прават провокативни зајавки, плаќа политичари, има нешто кое едноставно не може да го купиш, а тоа е љубов бате, а и во таква агонија со години таа љубов во градот припаѓа само на Беласица и на ниту еден друг клуб.

Колку само денес натпреваров ме потсети дека уствари ни самиот дека не сум свесен, колку многу го сакам клубов, а најверојатно и никогаш нема да бидам свесен, Беласица е нешто посебно и секогаш ќе биде неизоставен дел од мојот живот.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.302
Поени од реакции
3.345
Ајде ерлија Турци ве зедоја и вас..Во завршна фаза се преговорите..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom