Тимот за во иднина, ако остане се како што треба, нема да биде лош. Правам муабет за наредна сезона. Дечките ќе добијат на искуство, исто и Чави. Може пак нема да бидеме у топ16 или топ8 екипи во Европа, ама ќе бидеме многу надежни, според мене.
Како што пишав претходно, 55 милиони се многу за Торес, поготово што пред година и пол можеше да го земеме за 25
Дај Боже да гришам и да игра како во Сити и Шпанија, ама таму ги нема Пеп и Енрике.
Од тоа што прочитав, Чави сака да го игра лажна 9ка, со Фати и Дембеле на крила.
По Кавани најверојатно нема да се тргне, пошо во јануари се враќаат од повреда и Депај и Бретвајт. И секако тука е Ез Абде на кој сакаат да му дадат повеќе шанса.
Ако некако се уклопат Гави, Педри и Де Јонг во средина, мислам дека ќе биде топ.
Кутињо најверојатно ќе си замине, исто и Де Јонг, а се бара решение за Дест, Мингуеза и Умтити.
Ако заминат сите 5, најверојатно ќе се тргне и по десен бек и штопер.
На лето можно е да го земеме мароканчето од Ајакс, слободен играч е.
Ќе истрпиме уште пола година, али имам верба во оваа управа јас.
После тие срања, за пола година правиме трансфер од 55-60 милиони