Фан Клуб: Барселона

B

Beck's

Гостин
На Пике никако не му успева да ги замолчи напалените мајмуни на трибините. Лани Мунир му ја скрати можноста за 5-0 и да ја повтореше позната манита а вечерва не шутна како што треба. Само колку посакува да им даде гол хаха, си седи напред на резултат 1-2. Ама ај нека го подигне пехарот на крајот со Боти Боти
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.620
И Штеген ја имаше партијата на кариерата , голема заслуга има и он за победата. И он и Навас спасија неколку зицери , оваа утакмица комотно можеше да има уште 2-3 гола плус.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.037
Само едно знам, да изигравме во Торино барем 70% од ова денес, да не се глупираше со 3-4-3 и Матје, сега ќе бевме во 1/2 финале.

Енриќе тактички изгуби многу битни утакмици со експериментирање, ама многу и доби. Оваа ја доби, дефинитивно, Барселона делуваше многу постабилно во одбрана. Ако приметивте најчесто се браневме со 5 играчи во линија и тоа даде резултат.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Сеа само од раководството да не мислат дека се е ок па да го остават истиов тим за следната сезона...:)
 
Член од
17 март 2014
Мислења
670
Поени од реакции
917
Пред се одлична утакмица за гледање, одамна не сме гледале волку офанзивно Ел Класико. Друго, се повеќе се потврдува дека Енрике е идиот поготово со замената Гомеш-Пако, во ситуација кога брка гол и кога на клупа ги има далеку поофанзивните Арда и Денис. Трето и најбитно Меси е играчиште си ја зацементира 500ката на Бернабе у 92ра за премногу значајни три бода.
Инаку што се однесува до останатите поединци за издвојување се Тер кој мислам дека имаше преку 10 одбрани, едноставно фантастичен без разлика колку и да сум го пцуел претходно, евидентен е напредокот кај него само да продолжи со тоа темпо. Серхи по не знам кој пат им докажува на управата наредна сезона сериозно да сметаат на него на позицијата среден везен играч за врска каде моментално игра Ракитич, а за десен бек да се бара нова аквизиција. Умтити стандардно одличен, делува ко да има преку 100 настапи за Барса, тоа е човекот што фалеше долго време на таа позиција. Ракитич да игра секоја утакмица ко оваа воопшто не би стравувал од средината, фала му за голот, асистенцијата и досегашниот целовкупен перформанс за Барса, но искрено мислам дека ќе биде дел од неколкумината што ќе си одат на лето.
Имаме шанса, една брејк можност искористена, секоја утакмица до крај е финале!!!
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
НЕ МИ ШИРИ НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА




Се радувам само за утакмицата вчера.
Далеку сме од титула уште. Шанси, да, има.. ама ако така гледаме шанси ќе имавме и да изгубевме вчера.
Според мене шансите ни се околу 20%.
Тука у предвид зимам и дека нашите евентуални 15 бода до крај не се сигурни. Од кај тоа? Со Малага, до таа утакмица судбината беше во наши раце, сега не е.
Ќе чекаме друг да игра за нас, а ние да бидеме перфектни. Тоа е тоа..

Инаку фала му на Ковачиќ, главен виновник според мене. Си џогираше наназад.. а влезе свеж да го замени касемиро. Модрич напраи лизгачки старт играјќи 92 мин, тргна од позади него и пак стигна 20-30 метри пред ковачиќ позади да покрие.
Ако се потрудеше можеше да види убаво дека меси се мести и на време да затвори.
Да сум зидан после ова би го пратил у младинци 2 години..

Грешки се составен дел од играта. Ама незалагањето е грев кој не се опростува.
Како и да е... Фала му!
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Шанси постојат но тешко ќе биде до крај, ем не зависи се од нас, ем со оглед на тоа што играме цела сезона топло ладно има шанси да киксаме.
Распоредот не е толку лесен како што мислев. Има неколку потенцијално тешки утакмици, дома со Виљареал, на гости кај гнасите Еспањол кој мајка би си ја продале само ние да не земеме титула, плус уште едно зезнато гостување против Лас Палмас.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Нема уште многу до крајот, ама шансата постои 1.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom