Пред се одлична утакмица за гледање, одамна не сме гледале волку офанзивно Ел Класико. Друго, се повеќе се потврдува дека Енрике е идиот поготово со замената Гомеш-Пако, во ситуација кога брка гол и кога на клупа ги има далеку поофанзивните Арда и Денис. Трето и најбитно Меси е играчиште си ја зацементира 500ката на Бернабе у 92ра за премногу значајни три бода.
Инаку што се однесува до останатите поединци за издвојување се Тер кој мислам дека имаше преку 10 одбрани, едноставно фантастичен без разлика колку и да сум го пцуел претходно, евидентен е напредокот кај него само да продолжи со тоа темпо. Серхи по не знам кој пат им докажува на управата наредна сезона сериозно да сметаат на него на позицијата среден везен играч за врска каде моментално игра Ракитич, а за десен бек да се бара нова аквизиција. Умтити стандардно одличен, делува ко да има преку 100 настапи за Барса, тоа е човекот што фалеше долго време на таа позиција. Ракитич да игра секоја утакмица ко оваа воопшто не би стравувал од средината, фала му за голот, асистенцијата и досегашниот целовкупен перформанс за Барса, но искрено мислам дека ќе биде дел од неколкумината што ќе си одат на лето.
Имаме шанса, една брејк можност искористена, секоја утакмица до крај е финале!!!