Ако играат секогаш како што го одиграа ова второ полувреме ќе биде лесно до крајот на сезоната. Ама ако се повторуваат грешки како во првото полувреме, ништо не прават....
Нејмар веќе претерува, се однесува како лигле, изгледа славата му удри во глава. Неговите глупости можеа многу да не чинат. Треба малку да се спушти на земја, и онака е далеку зад Суарез моментално, а за Меси и да не правиме муабет...
Умтити е одличен, конечно некој што може да биде замена за Пујол, само гледам дека некогаш премногу ризично влегува во дуели во шеснаесетникот. Може да направи беља во најлош момент. Со Валенсија веќе му се случи тоа, среќа што судијата не ја виде добро ситуацијата па не досуди пенал.