Фан Клуб: Барселона

I

IBIZA SOUND

Гостин
ako ne mu go poklonese valdes golot dali ke postignea i gol ne se znaese :) :D
inaku svaka cast i za aleksis,da ne bese povredata ke bese sigurno uste podobar
PUYOL.........................ne mi se pisuva za nego nisto :)
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Ја би да кажам збор - два иако знам дека не сум пишувал во скоро време и го запоставив малку фан клубот, али јебига... ова е посебна ситуација.

Играчите докажаа зошто во очите на нивните фанови се незаменливи и дека не постои сила што може да ги убеди во спротивното. Докажавме дека сме психички СПОСОБНИ да го свртиме натпреварот, иако примивме гол во 22 секунда од мечот (по грешка на Валдес - човече само што си помислив дека престана да прави глупости).

Овде мора да се упати пофалба до Пеп, којшто во текот на натпреварот знаеше како да ги менува формациите и секоја формација да одговара на темпото на игра а со тоа да се прилагодува према противникот. Свака част, баш би сакал да гледам тактички анализи за овој натпревар.

И трето... зарем оние Die Hard фанови на Барселона, оние фанови кои ја пратат далеку пред оваа неповторлива генерација предводена од Пеп, имаа некаков сомнеж дека играчите ќе излезат и ќе дадат 102,9% од своите можности? Ако сте ја следеле Барселона од поодамна ќе знаете дека секогаш играат со срце и секогаш се најдобри тогаш кога е најпотребно.

И да, би сакал да ги пофалам играчите на Реал Мадрид, посебно Бензема... после овој натпревар имам многу подобро мислење за него. Некако се издвојуваше од другите... добар играч и џентлмен како што кажа некој погоре.

Одовде започнува вистинската борба.

Visca el Barca
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Пеп :cuc:, 60 минути игравме со тројца позади. Потег кој вроди со голем плод, иако искрено на моменти ме фаќаше паника заради поставеноста со тројца позади против Реал.

Капитенот :cuc:
Иниеста у второ :cuc:

Идам на спиење...:)
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Честита победа, очекував нешто од Мурињо фазла, нели 2рата сезона се секогаш подобри:icon_lol:Си реков ќе ве победат , ама ништо од тоа, пациенти ви се редовно секоја година :)
Поздрав и честита победа, вредеше да се гледа натпреварот :)
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Грешката на Валдес ме врати 5 години наназад, кога едноставно се молев кога и да подава да нема пресинг од противникот. Но до крајот на мечот се извади неколку пати за својата грешка.
Пујол - ЦАР! Излишни се сите пофалби за него, а посебно во оваа утакмица докажа дека и на тие малце поодминати години и спремен да игра перфектно во одбрана, заедно со Пиче кој со неговата смиреност кога под притисок исфрлаше топка беа одлични. Дани Алвеш - НЕПОМИНЛИВ! После промената на тактиката Пеп го префрли напред и често гледав дека не се ни труди да се врати што се разбира е наредба од Пеп. Абидал ме потсети на неговите ѕверски партии од минатата сезона, кога ги менуваше сите што се повредуваја во одбрана и тоа го правеше на високо ниво.
Бускетс си беше мирен, незабележителен за нашето око, но секако си ја изврши секоја задача на ниво. Иниеста ја имаше партијата на животот. Мислам дека треба да му платиме на Коентрао 2 недели на бањи да оди поради болки во кичмата. Одбраната ја реметеше како шо му чинеше, а при секоја акција на Реал (нормално неуспешна) ја собираше топката од својот шеснаесетник. Чави:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Фабре беше маестрален, гол со глава и многу трчање и додавање на средина, исто така излишни се сите пофалби.
Санчез со своите последни игри и те како го заслужи овој старт на можеби едно од најважните Ел Класика. Голот беше маестрален, дриблинзи од кои пукаја кичми и нормално си ја зеде бељата од онај месарон варварски кој цело време одеше на прекршок.
И за крај Меси! Меси себичниот, ја направи асистенцијата која ја смени утакмицата. Меси незнамкаквиот ги дриблаше сите по левата страна и по средината, само фаул можеше да го запри (нели ласо, стрели за заспивање и огнено оружје е забрането). Меси кепецот за малце че го натскокаше Пепе, ама демек го фаулирал. Меси е сепак од сите имиња единствено што го заслужува е Вонземјанин!!! Единствено што ме подизнервира беше неговиот приговор по кој доби жолт картон.
Виља, Кеита и Педро влегоја формално, колку да се освежи тимот за сигурна завршница.
Потегот на Пеп да го префрли Алвеш напред и да игра со 3јца назад беше потег на векот. Тој асистираше за голот на Фабре и цело време на истиот начин ја тероризираше одбраната на Реал.
ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА!
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Епа ова е Барса бре луѓе...;)

Не знам зошто но како што се доближуваше времето да започне натпреварот довербата во овој тим ми растеше нагло,знев дека нема да дозволат да бидат победени.

Прво за играчите.Ма човече некој пред натпревар го бараше Маскерано да игра...ама реков јас Пујол знае да одигра на Ел Класико и е голем мотиватор,спомна и _Тони_ во видеото погоре каде се гледаше реакцијата по примениот гол.Немам што друго да кажам ВИСТИНСКИ КАПИТЕН!
Меси,Чави,Алексис и Дани беа сите на едно ниво,ама Иниеста во второто полувреме беше над сите.Абидал нештто спор ми делуваше во спринтови но на воздушни дуели доминираше.Пике не одигра баш најдобар натпревар како што он знае но сепак многупати украде топки од Роналдо,Озил и Ди Марија.Фабрегас одигра добар меч,тоа и беше замислата на Пеп тој да се врати во средниот ред и да отвори простор за да циркулира топката.

Но сепак Пеп е архитектот...почнавме со Дани како десен бек,но потоа Дани се префрли десно крило,Меси повеќе играше како класична 10-ка нешто помеѓу лажна 9-ка и класична 10-ка.Со ротациите кои ги направи Пеп го доби натпреварот бидејќи Мурињо немаше одговор за ова.
А пред натпреварот рече Пеп дека подготвени сме и знаеме како да одиграме и покрај притисокот кој ќе го наметнат Реал во поле.

Оваа победа беше многу важна за моралот,очекувам сега во Јапонија да освојат Светско Првенство,па кога ќе се вратат во Шпанијада започне една долга победничка серија.

Реков пред натпреварот: Верувајте во оваа моќна Барселона! Така да продолжете да верувате бидејќи е Mes Que Un Club!!
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Ако има некој линк од торент од утакмицава ќе може ли да ми го прати? Не бев у можност да ја гледам :P
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.957
Педерчиња,честито победа.....:) Настрана од препукувањата за Ел Класико,неам нбишто против вас.Едноставно ви завидувам што сте свесни и зрели личности за време на доминацијава на БАрса,за разлика од доминацијата на Реал кога навивав јас,кога единствено знаев дека сме победиле.Како ,што,се ми беше рамно.А сеа,е сеа трпи брале.....Спортски поздраф :)
Имаш лајк, али не важи и за првиот збор. :sneaky:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Честитки до сите го одрживме континуитетот и традицијата на победи на Бернабе.Пред натпреваров како никогаш до сега си бев смирен и позитивен и верував во Пеп и дечките.Кога целата светска јавност ќе те понижи и ќе гледа на тебе со иронија тоа си носи само мотивација и желба да им се докаже дека не е така како што си замислиле.Се покажа дека Барса знае да победува и покрај они злобни коментари дека тоа го правиме со помош на судии,картони и еден играч помалку.За мене човек на мечот е Пеп кој убеден бев дека ќе извади супер состав и ќе прави рокади,уште еднаш покажа дека ќе има почит од мене и 7-0 да изгубиме .Фантастична игра на Пуи човекот е дефиниција за капитен.Ги добивме во гости убеден сум дека и Камп Ноу ќе паднат.Останува да се игра од натпревар во натпревар.Малите тимови се тие кој ќе го дадат шампионот оваа сезона (создаваат мака на големите тимови и крадат значајни бодови).Следна цел Јапонија да покажеме и таму дека сме гладни за трофеи и покрај се можно што освоивме

Visca el Barça !!!


 
Член од
31 јули 2011
Мислења
936
Поени од реакции
741

Kajgana Shop

На врв Bottom