Нека не ве залажува одлично одиграната утакмица на Маскерано виќендов. Сепак се работеше за противник кој не правеше константен притисок на средината со пресинг и многу трчање. Вечер од Арсенал го очекувам токму спротивното, константен пресинг на двете линии ( одбрана и средина ), посебно на средината во која играчите ќе мора брзо да се ослободуваат од топката, со кратки и прецизни пасови, па одтаму мислам дека Бускетс во таква ситуација многу подобро би се снашол од Маскерано.
Арсенал нема сигурно да се брани али не очекувам ниту да нападне сериозно, својата шанса ќе си ја чекаат од контра која ќе можат да ја добија само со грешка на средниот ред или на одбраната, а во тој случај мислам дека Бускетс ќе биде подоброто решение за во средниот ред.
Можеби со Милито ќе изгубиме малце во одбранато, али ќе добиеме повеќе во средниот ред кој мислам дека вечер ќе го има главниот збор и дека ако они одиграат како што знаат Барса ќе иде у 1/4 финале.
-----------------------Валдес-------------------------
---Дани-----Милито--------Абидал-----Адријано---
-------ЧАви----------Бускетс-------Иниеста----------
-----Педро--------------Меси--------------Виља------