Реално во моментов тешко изводливо е да потпишат тренерско име од тие кои се спомнуваа, како Флик, Нагелсман, Тухел итн.
Прво, немаат ни доволно пари за да го платат тоа тренерско име и второ, уште побитно, тешко дека некој би се нафатил да води екипа со вакви финансии, знаејќи однапред дека нема да му бидат донесени играчите кои ќе ги побара. Можно е и да има некое заминување на првотимец на лето (се почесто се спомнува продавање на Френки).
Која преговарачка позиција е тоа, да му кажеш на Тухел или Флик "дојди кај нас, ќе видиме некако ќе те пријавиме на минималец, ама здравје Боже ако тргне работата ќе има покачување. Околу играчкиот кадар, играчите се овие што ги имаме, некој најверојатно ќе продадеме, а нови ќе купиме за година-две, кога (и ако) ќе ги нормализираме финансиите".
Според мене 95% Маркез ќе биде, 1% има шанси да остане Чави и 4% некој трет.