Всушност се обидуваа да направат нешто за да ги покријат заминувањата на Чави, Иниеста и Нејмар, но буквално се што донесоа не се погоди, односно тие погрешно одбраа, како што и ден денес погрешно бираат. Помеѓу Тиаго, Бек и Вајналдум, 99 од 100 клуба ќе одберат еден од првите двајца. Помеѓу Дембеле и Мбапе повторно го одбраа погрешниот. Пјаниќ додека беше во Рома не го сакаа, Артур го донесоа како новиот Чави. Еве дознавме од Стоичков дека и Дејвис бекот од Баерн бил понуден, ама Барто експертот само прашал од каде е, од Канада, не фала кај знаат таму што е фудбал, класичен одговор на просечен кладионичар. И еден куп други. Исто и со тренери правеа погрешни избори како и со играчи.
И така една погрешна одлука, втора, трета... не доведоа до овде, во тимот да има повеќе погрешни играчи од оние што навистина припаѓаат овде.