Фан Клуб: Барселона

Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Не знам зошто Барса ја поистоветуваш со Бартомеу. За жал ликот е претседател на Барса во моментов, но од март ќе го нема повеќе во клубот, факт. Никој не навива за него, навиваме за Барса и од таа страна гледаме како да се постигне најдоброто за клубот. Не знам што си изнапишал еден куп работи за него, знаеме се, еден од најголемите злосторници на Барса во историјата без дилема.

Меси ако остане ќе даде се од себе за Барса, за навивачите, барем тоа го очекуваме од него, нема да игра за Барто. Не му требаше ова што се случува, не преку факс да бега од клубот, не за нула, не му личи. Не го оштетува Бартомеу со тоа, не му оди контра него, туку на Барса, сакал ти да признаеш или не. Ние како навивачи чекаме да се обрати, да каже нешто, капитенски, не може да се однесува вака. Требаше да седне на маса, да се договори со клубот за заминувањето, да дејствува што поголема ќар да добие клубот којшто го сака. Без циркузи, без јавно барање за трансфер, во таа позиција Барса би добила 200+ милиони. А на гомнава од Сити моментално не би им го продал ни за 300, па нека се чешаат со Анелињо и Гарсија.
Ај вака, волонтираш во некоја компанија како практикант, после со полнолетство се вработуваш во истата компанија, напреднуваш во својата работа од ден на ден. На компанијата и носиш признанија во целиот свет, и носиш еден куп мултимилионски договори, на пазарот на труд си фактор број еден играч, компанијата енормно расте од ден на ден благодарение на тебе и доаѓа момент кога се менува управувачката структура, доаѓаат лица на раководните структури кои немаат никакви управувачки вештини и способности, немаат грам респект спрема најдобрите вработени, не ги множат со нула, доаѓа претседател на компанијата кој си тера матни бизниси, дел од вработените кои оставиле голема трага во компанијата (Чави Пујол ) веќе не сакаат да имаат ништо со нив иако овие на неколку пати се обидуваат да ги ангажираат, потоа го имаш еден од најголемите ментори во компанијата ( Пеп ) човек кои исто така оставил огромна трага и под негово водство компанијата бележи огромни резултати а сега исто меѓу редови вели дека не се гледа во Компанијата со моменталната управа, ти од друга страна сеуште го даваш најдоброто од себе за компанијата.

Иако компанијата ти е далеку од главните конкуренти на пазарот на труд, ти сепак успеваш со своите менаџерски способности да ја држиш на многу високо ниво притоа во тие години иако компанијата не е број 1 ти заради твојата стручност и посветеност зимаш уште неколку признанија за најдобар светски работник.

И покрај се тоа, компанијата која што моентално ја претставува претседателот ( Бартомеу) ангажира фирма преку лажни акаунти да сере за тебе и цела твоја фамилија, потплаќа новинари полтрони да шират лажни вести и да оддаваат инсајдерски информации од состаноците.

Освен тоа, капак на се ти доаѓа кога твојата компанија за која си ја дал и душата и срцето и нозете и сеуште ги даваш, служи како боксерска вреќа на пазарот на труд од компании помали од тебе ( Рома ) а потоа во наредните неколку години компании кои долго ги немало а сега се во раст те шлакаат како мало дете ( Ливерпул ) а ти и покрај тоа си ја тераш својата работа најдобро што знаеш, за да во една од твоите последни преостанати години кои можеш да ги истераш на ниво те праќаат во таков нок даун што компанијата во поновата нејзина историја не го доживеала, и тоа се благодарение на моменталниот претседател и неговите погрешни одлуки.

И кога едвај чекаш да си поднесе оставка претседателот после огромното доживеано фијаско он назначува нов ментор кој на прв состанок тебе што толку многу си дал за фирмата, ти вика дека твоите привилегии со неговото назначување завршуваат, дрско и без никаков респект.
Ти пука филм, викаш гонете се у пичку матер, не ви доаѓам веќе на работа, а претседателот место да ја смири топката повторно преку неговите полтрони сака тебе да те оцрни измислувајки работи како он е спремен да поднесе оставка само за ти да останеш во фирмата.
Епа не може така со најдобриот работник во историјата на фирмата.

Зашто еднаш Бартомеу не проба да го добие Меси, он да инсистира на разговор, иако не верувам дека овој ќе прифати такво нешто а и нема зашто да седнува на маса со гомнаров кои и сега пробува да го оцрни преку медиумите кои што ги држи.

Меси се што треба да направи е да излезе на прес, да им се заблагодари на навивачите и чао, апсолутно не е должен да кажува зашто вака одлучил и да ни полага сметки.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.635
Поени од реакции
7.767
kgh.png

Капитен Де Јонг
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Пак ќе ви кажам, ви пишав и неколку поста поназад.
Заборавате за кого станува збор.
Не прајте споредби за лојалност со Тоти и Пујол, зашто друго ниво е Меси, најмалце не споредувајте со ситуацијата на Нејмар.
Барса немало да го пушти, ќе го чувала на клупа? Сериозни сте со муабетов?
Пола фифа и уефа на глава ќе им се качат не зборете глупости, 50% од финансииве, популарност, гледаност на фудбалов им зависат од Меси и Роналдо.
Јасно е што прават Ла лига, они повеќе сакаат да го задржат него Барса, нивото на лигата ќе падне на ниво на германска, па и бетер, таму барем полни се стадионите.
Кога станува збор за Меси и Роналдо баталете и клаузули и секакви глупости. Единствено што вреди со притисоков од Барса е да извлечат нешто плус од Сити, тоа дека ќе остане или најсмешната варијанта на клупа ќе седел, Куман ќе го седнел еј:D
Бидете сериозни, една обична награда не можеа 10 години да им земат на Меси и Роналдо (исклучок Модрич), искачаат и афери и јавни изјави, секакви ствари, дека гласови за други играчи ги префрлаат на конто на Меси и Роналдо и никому ништо.
Денешниов фудбал зависи од Меси и Роналдо од секој гледан аспект.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
435
Поени од реакции
160
Бартомеу требаше уште од лани,да си даде оставка по поразот од Ливерпул,и да распише избори,цело ова време е некое вештачко форсирање да остане на функција.А од друга страна нити Меси го оправдувам,за ваквиов потег,како капитен,како икона на клубот,како еден од најдобрите играчи,требаше јавно да излезе,и да каже заминувам,не го продолжувам договорот, и пријатно,вака Меси губи многу поддржувачи,а од друга страна Бартомеу пак е добриот.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.957
На месец дена до крај на трансфер рок управата нема решено ни едно единствено прашање, за ниту еден играч. Да ми речеше некој дека ова ќе се случува во Барса, тоа ќе изгледаше како поголема научна фантастика од ЛОТР. 14 играчи не ја знаат својата судбина, дали ќе бидат продадени, позајмени или играчи на вториот тим. Практично кога би се реализирале само излезни трансфери би требало по 3 неделно да се објавуваат за некое оптимално решение. За доаѓање на играчи не ни зборувам, практично е невозможно да се изведат сите операции, дури ни управата на Челзи не би можела за еден месец да го среди хаосов. Најверојатно е дека повеќето од отпадот ќе останат во тимов и нема да има поголеми промени ни оваа сезона. Сето тоа комбинирано со заминување на Меси ќе биде непоправливо следните сезони.

Умтити - никаква понуда нема за овај, а има уште три години договор, играчот не сака да си оди и ќе остане уште долго во клубот изгледа.

Араухо - не се знае дали ќе биде дел од првиот тим, вториот или ќе оди на позајмица.

Фирпо - штотуку пристигнат во Барса, уште многу години од договорот, на пазарот е, но играчот не сака да замине и нема никакви понуди, ќе остане во Барса речиси сигурно.

Ваге - вратен од позајмица, за продажба е, но нема никакви понуди, ќе остане во клубот, најреално е во вториот тим.

Тодибо - не се знае дали ќе остане во тимот или ќе биде продаден/позајмен.

Педри - не се знае дали ќе остане во првиот тим или ќе игра во вториот тим или пак ќе оди на позајмица.

Ракитиќ - еден од ретките што е во напредна фаза за заминување, но последно од Севиља е дека не сакаат да платат никакво обесштетување, оа ситуацијата е во застој.

Видал - слична ситуација како Ракитиќ, играчот е посакуван од Интер, но тој го преферира Јувентус и сака да почека дали тие ќе го побараат, ако не би отишол во Интер. Ниеден од двата не би платил за трансферот, туку би го зеле фри или можеби за некоја симболична цена.

Алења - играчот најверојатно не е во планот за следна сезона, но и многу други не се, па ќе останат. Засега нема никакви конкретни понуди за него, не се знае неговата судбина.

Фернандеш - слична ситуација како Педри, не се знае дали ќе остане во прв тим, втор или позајмица.

Рафиња - братот ми се чини како цела вечност да е на чекор да замине конечно, но пак го враќаат. Ниедна од позајмиците не резултираше со конечна продажба, ваљда оваа година ќе биде, не знам.

Брејтвејт - лордот се чини дека ни со тенк не би го избркале од Барса, си потпиша догвор лани и ќе тера најверојатно во клубот.

Кутињо - голема е веројатноста да остане во тимот, иако кога би дошла добра понуда би размислиле од клубот, но таква нема да дојде.

Суарез - коментирано доста поназад, бара целосно обесштетување за да го раскине договорот и да замине, инаку би останал и да не игра воопшто, Бејл ситуација. Многу тешко дека ќе се случи тоа и можно е да остане.

Меси - ако некои од покемоните погоре останат, а Меси замине тоа ќе биде најголем пад и удар на еден клуб било кога во историјата.

За засилувања е излишно да се зборува, се испуштаат играчи како Бек и Тиаго, а се бараат некакви послаби играчи, не знам, Перез да беше претседател на клубов немаше да прави толку лоши потези.

Screenshot_20200831-104712~2.png
Screenshot_20200831-104704~2.png
Screenshot_20200831-104657~2.png
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
На Пјанич му дале 5 годишен договор. :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Боже какви труби.
Пјаниќ е многу паднат, ептен ме зачуди тоа шо форснаа за негов трансфер, не е баш некое преголемо освежување на дел од теренот каде очајно ви фалеше тоа.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.957
Ела откачи се од него за две-три сезони. Подобро да не носат никого, пример Вајналдум е 29, ќе му лупнат и него 5, не ќе можат уште десет управи да не оправат.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.041
Се поизвесно станува дека Меси нема да го напушти клубот без оштета, мора да падне договор ако веќе Барто реши да го пушти. Остајте ги на страна тие "блиски новинари" до клубот и останати твитерџии шо форсират глупости, немаат ни 15 % информации шо се случува зад затворени врати.

Луѓе настрана со ладни глави да анализираме се, имавме прекрасна генерација на фудбалери кои владеа со врвот цели 10 години и повеќе. Имавме вонземјани како Чави, Иниеста, Пујол, Алвес, Анри, Ето, Меси, го освоивме секој можен трофеј шо постои, плус и некои шо не постојат. Други клубови би дале се што имат да имаат еден или двајца вакви играчи во тимот, а ние ги имавме сите.
Испишавме историја, си игравме кур ташакот со гиганти како Реал и Јунајтед и ги остававме со 30 % посед на топка. Ги тепавме во финалиња на ЛШ, ги понижувавме со 2-6 на нивни терени, со петарди, со освоени титули по 20+ бодови, со 6 титули во една сезона, со тики-така триаголници, со ненормални ремунтади, буквално ги правевме сите да изгледаат како мали деца.

Ќе биде потребно време додека клубот застане пак на нозе после ваква социопатска управа, али дека ќе застане во тоа ич не сумњам. Овие успеси го направија клубот атрактивен, и со идењето на Меси и Суарез (дали оваа или наредната сезона), ќе се створи огромна дупка за плати која и тоа како ќе биде атрактивна и примамлива за квалитетни играчи. На крај краеви парите се тие шо го вртат фудбалот а воопшто и светот, а Барселона можда била во финансиски заебани ситуации али знаеме многу добро како функционираат работите во Каталонија па верувајте дека клубот ќе биде финансиран скоро од трети сили.

За трофеи во домашното првенство можда наредната сезона нема да бидеме конкурентни, али со новата управа и 2 трансфер периоди јас мислам дека ќе успеат да средат 60-70 % од пиздаријата шо ја направија овие. ЛШ знаеме сите во какви чудни околности се одвива, плус ние се научивме да ја освојуваме еднаш во 2-3 години па сеа ни паѓа тешко дека не сме конкурентни. Ќе бара овде поголема жртва и трансформација, и можда ќе почекаме уште некои години, али на крај краеви кој не чекал? Шо да кажат Јунајтед и Интер кои им поминаа 12 и 10 години од последната европска титула? За Јуве муабет да не правам, последен пат освоиле година дена пред јас да тргнам прво одделение. Ливерпул чекаше 14 години од 2005 за лани да освои, Реал пред да освои 4 титули во 5 сезони чекаа исто така 12-13 години и отпаѓаа нонстоп во 1/8 финале.

Добро менаџирање, добри одлуки и цврста управа, тие се работите шо ни фалат во наредните неколку години за клубот пак да тргне по стариот пат.

Едит: Еве веќе почнавме гледате? :D Ракитич во Севиља. Со еден трансфер ја засиливме Барса, и ја ослабневме Севиља која и тоа како знае да биде проблем. :vozbud:
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.635
Поени од реакции
7.767
The groups that oppose Bartomeu and the board of directors have just collected the ballots to carry out the vote of no confidence and they now have 14 days to get 16,500 signatures. [cat radio]

Barça plan to reply to Messi's burofax which outlined why he would not attend preseason as well as a request for Barça to reconsider his stance on leaving the club. [espn]


The club want to renew Messi's contract for two years with a salary of close to €100M gross annually. But Barça are not optimistic with City being favourites to sign him. [espn]


Jorge Messi tried calling Bartomeu, but the president did not answer. [rac1]
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.309
Поени од реакции
4.230
Ракитич и Видал скоро се завршени трансфери во Севиља и Интер. Ако собереме 20 милиони од двајцата, топ сме.
Е проблем е што другиве не сакаат да си одат, а никој не ги бара.

Ја мислам дека појачање во средина ќе ни биде Вајналдум, едноставно мора да му испунат желбите на Куман, да имаат изговор од управа ако нема успех.

Пасивни сме ептен, очигледно дека ситуацијата со Меси ги погоди сите и се чека разрешница на истата за да почнат со потези.
Само ќе биде многу касно изгледа за засилувања ако чекаме.

Според мене најферски ќе беше да се земе некој динар од Меси и да си оди, мислам најдобро за 2те страни.
Вака е педерски од страна на Меси, а никој од тука не сака да го брани Бартомеу.
Што сака нека биде, секако ќе мора тимот годинава ичи за 2-3 да се реконструира.
Подобро е без Меси и пари (над 222 милиони) отколку со Меси и без пари.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.957
Ракитич и Видал скоро се завршени трансфери во Севиља и Интер. Ако собереме 20 милиони од двајцата, топ сме.
Е проблем е што другиве не сакаат да си одат, а никој не ги бара.

Ја мислам дека појачање во средина ќе ни биде Вајналдум, едноставно мора да му испунат желбите на Куман, да имаат изговор од управа ако нема успех.

Пасивни сме ептен, очигледно дека ситуацијата со Меси ги погоди сите и се чека разрешница на истата за да почнат со потези.
Само ќе биде многу касно изгледа за засилувања ако чекаме.

Според мене најферски ќе беше да се земе некој динар од Меси и да си оди, мислам најдобро за 2те страни.
Вака е педерски од страна на Меси, а никој од тука не сака да го брани Бартомеу.
Што сака нека биде, секако ќе мора тимот годинава ичи за 2-3 да се реконструира.
Подобро е без Меси и пари (над 222 милиони) отколку со Меси и без пари.
Игледа не си во тек со информациите, ама од Видал и Ракитиќ точно 0 ќе добиеме :D за Ракитиќ е веќе официјално, а за Видал сеуште нема инфо дека е блиску до трансфер па да има податоци за цифри, но се очекува да си оди за фри. Битно ќе се ослободи простор за плати.

Друго, за Меси нема парична понуда од ниеден клуб, сите чекаат да го соберат како слободен играч, како што тој тврди дека е.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.041
Меси да беше сигурен дека е фри играч до сеа ќе беше на медицински прегледи во Сити. Али и сам знае дека не е, и затоа блефира со изјавите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom