Фан Клуб: Барселона

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.990
Поени од реакции
35.870
Каков Дембеле бе не сте салам вие.. 80+ милиони за резерва?! :tapp:

Врати го назад Делофеу за таму 7-8 милиони бај-бекот мислам беше и готово.. сигурно не е 10 пати послаб од Дембеле

Средина нема потреба од засилувања

Бускетс-Ракитич-Роберто ќе ни биди средината со Иниеста со Чави улога од клупа

Гомеш прекомандуван на десен бек


Нема потреба од пари трошење
Ќе нема потреба од гледање на сезоната ако не ја засилат средината со играч од тип на Верати. Видовме сезонава со ботови од типот на Гомеш до кај стигнавме.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Алеш Видал е единствениот играч на Барса кој не е на одмор туку тренира. Нека се спрема Белерин за греење клупа :D

Дали постои откупна клаузула за Верати и колку е таа? Зошто немаат намера да го пуштат псж, единствено ако ептен притисне за трансфер. Мада мислам дека се спремни и да го исфрлат од состав и да му ја заебат кариерата, само да не го пуштат во друг тим.
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
Мундо депортиво денеска излезе со вест припритетни дека ни биле Верати,Дембеле и Белерин а План Б Сери,Делуфеу и Семедо.Ако се посерат пак со планов Б нема да можеме да се опрајме со години.Значи Верати по секоја цена треба да се донесе па макар и 150 милиони нека дадат.Друга работа,наводно новиов тренер ќе го игра Меси во средината така да мислам дека Дембеле е реална опција да се донесе.Од планов Б само семедо ми делува како интересна опција другите крш.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.135
Поени од реакции
21.050
Агентот на Верати пристигнал на Ибица, каде што се наоѓа и Верати. Претходно агентот имаше средба со челниците на ПСЖ каде што им кажал за понудата на Барса. Најверојатно и самиот Верати сака да дојде. Газдите на ПСЖ се категорични дека Верати ќе остане кај нив. Ситуацијата станува шпанска сапуница.
Добро е што нашиве стварно запнаа, не е како со другите 512528 играчи со кои не поврзуваа последиве 2-3 недели. Значи стварно се случува нешто. Што ќе испадне од сево ова ќе се види наредните денови. Клучно е Верати да притисне, бидејќи во спротивно нема да се откажат од него ПСЖ.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Изгледа конечно јако загризаа за класа фудбалер, од Суарез вака немаа стегнато.

Делофеу може да го вратат за 12 милиони до 30 јуни. Па откупи го за 12, па ако не го планираш за во состав, продај го за 30, ќе има повеќе за другите трансфери :toe:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Изгледа конечно јако загризаа за класа фудбалер, од Суарез вака немаа стегнато.

Делофеу може да го вратат за 12 милиони до 30 јуни. Па откупи го за 12, па ако не го планираш за во состав, продај го за 30, ќе има повеќе за другите трансфери :toe:
Кој ќе дај 30 за Дефолвеу бе не прај мајтап
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Кој ќе дај 30 за Дефолвеу бе не прај мајтап
Кога може секој мрсул недораснат, со една добра сезона или со неколку добри утакмици да вреди 50,60,80,100 милиони, зошто да не може Делофеу да вреди барем 30.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.135
Поени од реакции
21.050

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Па 30 е минимална цена за фудбалер денеска. Цените почнуваат од 30 па нагоре, нема играч под 30 милиони. :D
Епа супер.

Јас со книшка од ФК Дебрца вредам 30 милиончиња.....знаев.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Не заебавајте бе за Деулофеу некој ќе дал 30 милиони!
Па ако се знае дека Барса нема да смета на него најмногу што може да извадат е 15-18 милиони.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Кога може секој мрсул недораснат, со една добра сезона или со неколку добри утакмици да вреди 50,60,80,100 милиони, зошто да не може Делофеу да вреди барем 30.
Треба да разберите дека медиумите и екипите ја прават 40% од работата во врска со трансферите,останатото е на фудбалерот..Делфовеу е шуткан од сите екипи кај и да оди и никој не покажа некое особена заинтересираност за него па тешко дека некој ќе начекаш и 20 милиони да дај не па 30.....и вие како ги пишите сумите како на дрво да растат..никој не фрла пари за џабе,посебно не за вакви пропаднати таленти
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
Делуфеу не е тука со паметот,иначе солиден играч е и би платиле екипи и 20-30 милиони за него ама дечкото има некој проблем со психата и затоа и не напредна во кариерата.Не ни треба во екипата таков играч.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom