Сезона 2014-2015, ист противник иста бодовна разлика, само што тогаш беше месец Декември. Нека се повтори таа сезона.
Јануари беше, веднаш после Нова Година, Реал само што киксна кај Валенсија и најепик потегот на Лучо со седнување на Меси на клупа.
Ама друго време беше тоа, Реал го затепаа повреди, нашиве се препородија после состанокот на капитените...пристапот кон утакмиците им е очаен годинава, нема кој да повлече или да направи нешто, средината е очајна без Иниеста, Меси игра на сите страни, не може и да асиситира и голови да дава човекот.
Суарез не е сенка на ланскиот Суарез, не може да се состави со топката.
Нејмар како и 99% од Бразилците што идат да играат во Европа му удри славата во глава, една утакмица игра, 5-6 го нема жив на терен.
Денеска смешни пасови имаа, кога требаше да развијат контра они толку не знаеа што да прават со топката, абе како Кривогаштани да ги гледаш.
Денис Суарез/Рафиња/Андре Гомес/Ракитиќ ниеден не може да го замени Иниеста или барем колку толку да направи да не се чувствува неговото неиграње.
Одбраната да не почнувам Чигрински врати се, све ти је опроштено брате...
Умтити цело време повреден, човекот со пола утакмици неодиграни е најдобар штопер. Пике ист како Нејмар, Маске попримил од Матје нешто на тренинзи. Секој напад на Сосиедад денес мислев дека е биде гол, Тер Штеген беше земен поради играта со нога, дека бил добар со пасови, па Валдес кога беше не мислев дека толку ќе заебе работа како овој бе.
Многу работа има во тимов годинава ако сакаат да освојат нешто, прво нешто е Ел Класико, колку сакаме да збориме ние, 9 бода минус на почеток на ноември, со оваков Реал ќе биде научна фантастика да се стигне. Ако победат ќе се вратат психички и мислам дека тогаш ќе можат да наредна 8-9 победи во низа во Ла Лига...ако изгубат можат слободно да се свртат кон ЛШ и Купот.