Фан Клуб: Барселона

Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Далеку се од уиграни ама рано е за тоа. Многу нови играчи имаме.

Ама една работа што ја приметив е дека Меси пак почна да трча до своја половина за да одземе топка... Значи можело и така кога не ти е тренер Тата Мартино.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Има промени. Меси повторно се враќа назад, дури до средина, освојува топки и асистира. Нешто што одамна не го имавме гледано.
Браво има проблем со почнување на акција, премногу чека. Со тек на време ќе мора да го отстрани тоа.
Алба и Дани одлични, Матие стабилен и многу сигурен. За Маске ми е жал што го малтретираат на таа позиција.
Ракитич одличен, прво го изигра топ, добри пасови, проигрувања со Дани и Меси, асистираше за гол, второ малку падна.
Мунир е талент, го сака топката како што напишав пред некој ден, ќе видиме како ќе се развива.
Рафиња ништо не покажа, се изгуби. Мора некој од Нејмар или Педро да игра. Не е за прв тим дечково.
Иниеста е играчот без кој костурот на Барса е незамислив.
Педро слабо вон форма, нити пасовите на Алвес не можеше да ги стигне.
Енрике мора да го отстрани „Пике излетот во напад“ кој го прави Бартра.
Мачката на почетокот беше поинтересна од С.Роберто.
Добар натпревар, но мора да има подобрување.

 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Не е доволен репер Елче на домашен терен за да се пише нешто повеќе за играта. Воглавно сум задоволен од утакмицава.

Вака на прва се гледа дека Меси нема да се штеди како прошлата сезона, се гледа желба за играње.Се враќа, трча, покрива.
Иначе, Раќитич одличен.

Гледам второ коло гостуваме кај секогаш незгодниот Виљареал. Ќе видиме како ќе одиграат на гости, очекувам тежок меч таму, можно е и кикс, без напад сме што се вика, мислам дека и на тој натпревар ќе одсуствува Нејмар.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.286
Сите знаеме зошто се штедеше Меси претходната сезона односно полу-сезона
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Убаво ќе биде ако се купи крило/напаѓач. Долга е сезоната, борба на три фронта а ние де факто само со тројца сериозни играчи напред. Од Педро не очекувам да покаже игри како во неговите најдобри денови а Рафиња го гледам само како бекап опција на крилните позиции против некои лабави противници или на веќе добиени утакмици.
Јас би да тргнат со сите сили по Ројс или Куадрадо.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.071
Поени од реакции
36.708
Има некоја статистика за Ракитич? Испуштив само 10тина минути од утакмицата , и за тоа време мислам дека имаше само една изгубена топка кога се сплетка на средината од теренот. Некоја статистика за комплетирани пасови?

Како и да е огромно засилување е сезонава. Жеден е за докажување , трча и покрива добар простор од теренот , и што е најбитно пасовите му се хируршки прецизни , како само ги наоѓаше Меси и Мунир како 5 сезони да играт заедно. Замислете на овој состав кога ќе се придружат Нејмар и Суарез , перверзии. Само да не губиме многу бодови додека се комплетира составот , ама да се надеваме Педро ќе успее да изигра на ниво барем до крајот на октомври. Рафиња не покажа ништо специјално , али дефинитивно треба да добива шанса на ваквите полесни домашни мечеви.

Следната утакмица со Вилареал ќе биде сериозен тест. Се надевам ќе го спремат Нејмар до тогаш , ако не мора со Педро да се тргне на местото на Рафиња.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Убаво ќе биде ако се купи крило/напаѓач. Долга е сезоната, борба на три фронта а ние де факто само со тројца сериозни играчи напред. Од Педро не очекувам да покаже игри како во неговите најдобри денови а Рафиња го гледам само како бекап опција на крилните позиции против некои лабави противници или на веќе добиени утакмици.
Јас би да тргнат со сите сили по Ројс или Куадрадо.
Денеска се покажа дека Ројс и тоа како е потребен. Педро ако дојде до форма тоа очекувам да биде после нова година, но да не можеш да стигнеш чист пас, мене не ми делува оптимистички.
Додека се врати Нејмар и се уигра Суарез потребно е засилување. Ако не ќе висиме сезонава без добро крило.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
991
Поени од реакции
944
Ми се допаѓа тоа што во некои ситуации играме со долги топки, а Ракитич е креатор на сето тоа. Фалеше таков играч, мислам дека ќе напредува..Матје пријатно ме изненади..Си ја знае човекот работата..Околу играта мислам дека повторно ќе се врти се околу Меси, но вчера како да го видов оној стариот.. Се гледа дека е растеретен од притисокот..Згора на тоа ослабен е некое кило сигурен сум во тоа..Мунир...ќе биде нешто од ова дете..(y)Агресивноста и желбата за победа е тоа што му требаше и му треба на овој тим..Со доаѓањето на Суарез сигурен сум дека ќе го достигнеме највисокото ниво...Лигата е долга, самодовербата ќе се гради од коло во коло...Чекор по чекор треба да се размислува.. Се согласувам со некои од членовите погоре дека треба да се земе уште едно крило, со оглед на тоа дека ги атакуваме сите фронтови..само не знам дали воопшто е можно играч како Ројс да биде замена...Медиумите пишуваат дека Даглас веќе бил договорен. Е сега не ми е јасно дали доколку потпише ќе игра за нас оваа сезоно, со оглед на фактот дека не може да биде позајмен на Сао Пауло поради завршувањето на трансфер периодот во Бразил. Тоа беше првичната замисла..
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
На Меси му фалат уште 7 гола за да стане најдобар стрелец на сите времиња во Ла лига.Моментално има 245 гола,додека водечкиот Телмо Зара има 251гол.
Наредни 5 кола очекувам да го собори и овој рекорд(y)
 
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392
Одличен почеток на сезоната... и лесно остварена победа против екипата на Елче, иако овој тим не треба да претставува некое мерило за тоа како ќе биде понатаму во текот на сезоната,сепак јас сум задоволен,иако е сеуште рано и со тек ќе се подобрува играта.. пред се сум задоволен од Меси, не само поради двата гола,туку поради самиот начин на игра,се вракаше дури до средината на теренот за да земе топка и да организира акција,мислам дека оваа сезона повторно ќе го гледаме стариот Меси желен за нови титули.. и како што спомна некој погоре ќе мора да се обидеме до крајот на преодниот рок да донесеме некој на крилната позиција, бидејки Педро е далеку од неговата форма,а на Рафиња ќе му треба време и сеуште е рано за внесување во прв тим... и додека ги нема Нејмар и Суарез во тимот, ќе имаме проблеми на таа позиција, барем додека Педро не се врати во форма,а за тоа ќе биде потребно време.. и да заборавив да спомнам, ама судејки според вчерашниот меч, иако е сеуште рано можам да кажам дека Ракитич ќе биде наше најголемо засилување оваа година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom