Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Искрено секоја чест за Гомез.Заслужува огромни почести. Прво го заебаваше Ван Гал,па играше феноменално,па пак го заебаваа но издржа.И за целиот тој период,и покрај сите потсмевања и критики издржа и пак се издигна.И ниеднаш не кажа ништо лошо за екипата.

Тоа денес се поретко се среќава! Браво! и само нека продолжи вака!
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
Две победи по ред, ние сме во победничка низа:vozbud:. А и на Гомез му тргна.

Значи имаме толку страшен напад, што ја принудува противничката одбрана да постигнува автолови:vozbud:.

Мислам и ХСВ ке го јадат од нас, можеби нема да прикажеме некоја игра и доминација но ке ги победиме.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Хахах добрите стари времиња со Ефе, Кан, Елбер, Брацо, Лиза... кога можеше и тиња да играме (барем според сегашниве критериуми за „убав фудбал“) а си правевме шанси и голови ко од шала... плус стабилна одбрана... еееее... Ниедна генерација после таа го нема тој победнички ген а овие сега тек треба да се докажуваат.
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Хахах добрите стари времиња со Ефе, Кан, Елбер, Брацо, Лиза... кога можеше и тиња да играме (барем според сегашниве критериуми за „убав фудбал“) а си правевме шанси и голови ко од шала... плус стабилна одбрана... еееее... Ниедна генерација после таа го нема тој победнички ген а овие сега тек треба да се докажуваат.

Дефинитивно,генерации не се повторуваат.Ова е друга генерација која ќе остави свој печат.
Тоа време беше стварно лудница,со пред се стабилна екипа и физички и психички.Ама тоа е минато...

Од друга страна,како никогаш во историја моментално имаме феноменални играчи,дриблери и техничари како Робен Рибери Милер Крос.Тоа не сме го имале.

Искрено незнам што да очекувам за Петок.Дефинитивно им треба дупло повеќе напор од кога би играле со Робен и Рибери,ама тоа е!Затоа па Гомез се распуца!
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Да да 100% се согласувам дека според имиња сме немале подобар тим никогаш. Ама во моментов нешто ни фали дефинитивно премногу сме хаотични во играта, безконечни додавања само да се успиеш а тешко асален пас или па не дај Боже добро нафрлување во шеснаесетник... Мора сите од Бут до Гомез да дадат бар 20% повеќе од себе ако сакаат нешто да направат со ХСВ инаку ќе го јадеме.
 
Па нормално дека фали де,што се чудите незнам???

И Чави и Меси да фалат во Барса мислиш исто ќе игра Барса,или Роналдо и Озил во Реал на пример.

Многу јасно дека ни фалат клучните играчи Робен и Рибери.Сепак и покрај тоа вадиме резултати.Дефинитивно е многу потешко,меѓутоа со поголем напор од вообичаеното можеме да успееме до зимскиот преоден рок.

Добро е во петок да го совладаме Хамбург,но за тоа ќе треба екстра напор од сите.И секако рачунаме сите на Гомез!
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Тој муабет за такво играчи од светска класа за кои ниедна екипа нема „1-на-1“ замена (Меси, Роналдо, Робен и компанија) баш ланаи го зборев - ама во нок аут фаза во ЛШ. Таму решаваат нијанси и таму 100% држи изговорот.

Арно ама и со б-тим да играме пола сезона (а не играме баш така, Рибс играше до Хофенхајм) нема оправдување за некои од партиите кои ги прикажавме сезонава во домашно. Мајнц дома зошто не играа Рибс и Робен ја изгубивме??? Три натпревари по ред од кои два на домашен со Вердер и Келн гол не дадовме и со Рибс во тимот... Ако секој од тие што сега ги имаме на располагање играат како што знаат и можат реално е да бевме во топ 3 во лига со макс 3-4 бода заостанување а не да сме 10ти и Дортмунд да ни бега 10.

како и да е - што е тука е. Сега мора напред да се гледа и да се оди на победа против ХСВ. Ако тепаме за мене тогаш почнува сезоната.

--- надополнето ---

Денес многу солидна партија на Шалке. Настрана тоа што беше „само“ Хапоел - играта и пожртвуваноста им беше на ниво. И уште еднаш се виде дека не ти треба 75% посед на топа за да креираш шанси и голови. Прекомплицирано играме да го ебам а фудбалов е во суштина многу едноставна работа... тоа округлото треба да влезе во четвртастото и толку :toe:
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281

А што ќе му биде после изговор на ЛВГ кд ќе изгубиме :) ?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
^^ :jaj:

Инаку азинтересирани сме за Треш како наследник на вБомел: http://www.tz-online.de/sport/fc-bayern/fc-bayern-geruecht-christian-traesch-969873.html

Е сега, Треш е сосема солиден играч, млад и перспективен, ама г-ине Нерлингер и г-ине ван Гаал, мамето Ваше у %*^%$ го испуштивте неговиот партнер во централната средина од Штутгарт - Кедира - да оди во Реал а сега ќе го земаме „вториот најдобар“? Идете у курац озбилно се живцирам вака.

Инаку Треш не е лош, трабаше да патува во ЈАР но се повреди на пријателска 15тина дена пред СП. Сепак не е глуп Јоги што го спремаше Кедира за местото на Балак а не Треш. Про Треш зборува и тгоа што може да игра и десно назад и конечно би имале замена и за Лам да може и он да земе воздух од време на време. Сума сумарум сепак мора да кажам дека еден С(Ш)ахин (Борусија) би ме направил многу посреќен. Или Монтоливо... Дај нек одврзат ќесето и нек прекинат со импривизирани решенија!
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Не ми се верува синоќа си посакав и сабајлево си се разбудив со пријатни вести: http://www.tz-online.de/sport/fc-bayern/nuri-sahin-geruecht-fc-bayern-meta-971096.html и http://www.kicker.de/news/fussball/bundesliga/startseite/543829/artikel_FC-Bayern-denkt-ueber-Sahin-nach.html (кикер е сериозен весник мислам дека не би трескале зелени ако нема барем некаков извор).

Е вака може - Швајни и до него Сахин а пред нив може Кроос во 4-2-3-1 или едноставно назад на 4-4-2. Со тоа што ќе мора добро да комуницираат двајцата добро на теренот за да едниот покрива кога другиот ќе оди во офанзива. Во секој случај Сахин е за мене премиум решение - добар во дуели, одличен пас, супер шут! За вБомел е измислен во секој поглед.
 
Н

'Никола'

Гостин
^ Стандардна приканзна брат, некој играч се издвојува во Бундес Лигата и оп тука е Баерн за да го купи.:)
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Сахин и Швајнштајгер на средина,тоа ќе биде незнам........

Уффф колку добра комбинација,нема мрдање да има!

Со робен и рибери по крила и гомез како шпиц....незнам што би посакале повеќе!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Сахин и Швајнштајгер на средина,тоа ќе биде незнам........

Уффф колку добра комбинација,нема мрдање да има!

Со робен и рибери по крила и гомез како шпиц....незнам што би посакале повеќе!
Што ви стана на сите сеа со Гомез, демек јак е а? :pos2:
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.597
Поени од реакции
22.324
Тешко дека Шахин ќе дојт ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom