Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување
Член од
17 август 2014
Мислења
3.582
Поени од реакции
5.505
Малце да ја размрдаме темава , малку сме ама барем не има :D

-Ке дадам јас една моја анализа за досегашниот дел од сезоната

Искрено , јас не сум фан на Нагелсман ама мора да му се признае на човекот , машки излезе од кризата.

5/5 во ЛШ со гол разлика 16:2 и последната ја играме + на Алианц и со тоа се големи шансите со максимални 18 бода да ја завршиме групата.

Сите 5 текми во ЛШ ги спреми одлично , само замерка му е првото полувреме со Барса , ама ја увиде грешката и се корегираше на полувреме.Секако дека беше тешка групата и му се одава признание , ама на кантар све ке се стави во нок-аут фаза , барем јас така го гледам тоа , со овој ростер и све што доби сезонава , ако не стигне до полуфинале , треба да му дадат отказ и стојам позади тоа!

Бундес:
Тука незнам што да кажам искрено..
Незнам дали е пресудно немањето среќа , дали Нагелсман премногу експериментираше со составот и праеше грешки , дали тоа што пола екипи веќе применуваат ист стил на игра против Баерн , бункер - контра - гол, дали од се по малце , стварно незнам , ептен чудно е во Бундес годинава.

За сега околу тренерот јас лично останувам неутрален.
Тоа што ја скоцка одбраната исто му се признава , ама треба многу повеќе да размислува околу некои одлуки во клучни моменти..

Играчи:
Ноер - не треба да се коментира
Упамекано - се има подобрено и игра одлично моментално , но и на него ке му се "суди" во вториот(клучен) дел од сезоната.Изигра утакмици на највисоко ниво , поготово таа со Барса дома , каде што со Лукас беа за чиста 10ка.
Де Лихт - се позна од старт дека он е печен лидер за одбраната.Човекот си има сигурност , борбеност , посветеност , дисциплина , осет да биде на право место во право време.
Хернандез - Јас не памтам кога последен пат има изиграно лоша утакмица, доволно е толку да се каже и затоа барем според мене заслужува да биде стартер пред горенаведени.
Павард - топло/ладно и се врти во круг.Напредок е сезонава што има повеќе добри него лоши партии.Во некои од тие добри текми беше и перфектен.
Маз - непредвидлив(во добра смисла) , брз , смирен , има осет на топка , напред си гази , во одбрана исто покрива одлично , има одлично позиционирање и дечкото треба да си е стартер на десен бек.
Дејвис - Ферари е , ама најмногу замерки иам за него сезонава.Тие соло продори и оставање дупка позади ке не коштаат скапо против екипите од самиот врв.Башка денес Дембеле парче го напраи , треба да си стави во глава исто дека Дембеле нема фудбалска интелегенција и дека некој друг ден место него ке биде Мбапе и нема да му се прости како денес.
Станишич - Одлична замена да покрие бековска позиција 30-35 мимути.
Кимих - Мотор на екипата , без него е три пати послаба средината.Затоа игра секоја утакмица , сите 90 минути.
Горецка - немам многу за него што да кажам ,него повредите му ебаа мајката, он си е секогаш одличен на неговата позиција на средина на теренот.Со Кимих како 20 години заедно да играат..
Сабицер - добар е чоекот , игра добро , ама неможе сеуште да се носи со тоа што игра во Баерн , сеуште мислам дека сам си праи притисок и затоа некогаш прави такви грешки.Стартер-не , прв избор од клупа - дефинитивно да.
Гравенберх - во тие шанси што му беа дадени , изигра солидно.Има потенцијал да биде Game changer ама треба максимално да си ги искористува шансите што му се дадени и да пружа маестрални партии за да биде рачунат како можност за првотимец.Дојде во тим со изградени и докажани играчи , по медиуми ако плаче за тоа што не игра , нема далеку да стигне.
Сане - за него нема да зборам да не го урочам.Најбитен играч е на Баерн сезонава!
Мусиала - Бамби има магија во нозете , се протиња кај што 3ца не поминуваат.Му фали агресивност малце и не го мрда никој него од средината.Сезонава дар - мар праи , се надевам ке продолжи така.
Мане - се прилагодува , ке си дојде неговото во 2 дел од сезоната(mark my words).
Гнабри - почна добро , па го удри некоја дамла и пружаше катастрофални партии , моментално си е солиден.
Коман - он е способен да игра само ЛЕВО и таму кога игра е многу опасен.Ама Мане е за класа фудбалски поинтелегентен од него и исто така е многу брз така да прв избор од клупа за крилни позиции.
Чупо - Чупо секогаш бил достојна замена и секогаш кога играл и кога му биле дадени шанси си ги искористувал максимално.Му се пружи шанса последниве утакмици да биде стартер , ја оправда одлуката на тренерот.
Тел - треба да иде на позајмица , премногу е незрел за Баерн.
Милер - катастрофа сезонава , не му се замерува - он е играч што може тоа да го смени кога највеќе треба.
Наредно лето имаме голема шанса да го донесеме Кејн, особено доколку тој не продолжи со Тотенхем, а наводно дал позитивни знаци на првите контакти со луѓе од Баерн.
Инаку Сане и Мусиала имаат страшна хемија заедно.
Де Лигт назад ти е како да имаш + 1 плејмејкер, добри пасови пушта напред и знае да се ослободи од висок пресинг, топ трансфер кој де факто е исфинансиран со парите од продажбата на 35 годишниот Лева.
Упамекано исто така напреднат сезонава, имаше страшни партии во последно.
Кимих и Горецка се константа, ретко да изиграат лош натпревар, Кимих е особено мотор на екипава иако на моменти ни фали некогаш таа техника која ја имаше Тиаго во ситуации кога противникот прави висок пресинг.
Нагелсман денес мастеркалс тактички, не ги остави 2 паса да сврзат Барса со високиот агресивен пресинг, и тоа во натпревар каде што игравме без 2-3 клучни играчи.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
858
Поени од реакции
1.370
Не ми се верува еј , сите испокршија нозе сезонава...
Моментaлно подобро решение од Ливакович нема , време е и Ноер да оди во пензија..
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.850
Поени од реакции
13.766
Не ми се верува еј , сите испокршија нозе сезонава...
Моментaлно подобро решение од Ливакович нема , време е и Ноер да оди во пензија..
Кај ќе брани Ливаковиќ со високата одбрана ма Баерн, па овој не мрднува од линија, а не излезе и надвор од 16 метри кога треба?! Со топка е добар само ако го доведеш во комфорна ситуација. Одличен е при бранење на линија, но нема карактеристики што би му одговарале на Баерн, плус не е авторитетен, гласен голман, нема лидерски карактеристики и не комуницира многу со одбраната, не е добар ни на нафрлени топки.

Него мора да го ставиш во околности кои му одговараат за да изгледа добро, стилот на Баерн сигурно не е тоа.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.995
Поени од реакции
25.343
Беше Оливер Кан вчера на натпреварот Хрватска - Бразил, а за повредата на Ноер веќе знаел.
Можно е и со Улрајх да ја продолжат сезоната, ќе видиме.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.960
Поени од реакции
5.538
Беше Оливер Кан вчера на натпреварот Хрватска - Бразил, а за повредата на Ноер веќе знаел.
Можно е и со Улрајх да ја продолжат сезоната, ќе видиме.
Видовме што се случи во ЛШ кога тој беше прв голман.
 
Член од
17 ноември 2022
Мислења
84
Поени од реакции
133
Вербален договор постигнат со Ливакович. Конрад Лаимер од наредна сезона ќе биде играч на Баерн.
 
Член од
17 ноември 2022
Мислења
84
Поени од реакции
133
Не, сепак Нубел ќе го вратат од Монако.
Да сега видов. Слабото играње со топка и несигурноста при такви ситуации пресудиле барем така прочитав ама и нема врска ако можат веднаш враќање на Нубел и готово. Сега останува да се договорат со Монако.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.582
Поени од реакции
5.505
Да сега видов. Слабото играње со топка и несигурноста при такви ситуации пресудиле барем така прочитав ама и нема врска ако можат веднаш враќање на Нубел и готово. Сега останува да се договорат со Монако.
Ако го вратат Нубел ќе има право на настап со Парис?
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.141
Поени од реакции
5.492


Пристигна Зомер за медицинските прегледи и за потпис со Баерн. (y)
dobro resenie, iskusen i dobro zapoznaen so germanskiot fudbal i toj na bayern, nema da mu treba mnogu aklimatizacija. kolku glupav samo ispadna alexander nübel sto ne sakase da se vrati vo bayern, ke imase moznost najmalku edna polusezona da se pokaze, a mozda i celosno ke stanese prv golman ako kaj neuer so povredata sepak e uste poproblematicno. navistina ne znam sto ocekuvase, da go vratat i da mu kazat deka dozivotno ke bide broj eden bez vrska sto ke bide so neuer^^
 

Kajgana Shop

На врв Bottom