Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384

Сте земале некое тинејџерско "чудо од дете" за кое прв пат слушнав минатиот месец. 16 години, платен 2 милиони фиксно со бонуси би стигнало до 5 милиони.


Нема многу снимки од него, но и не е чудо со оглед на годините и како доаѓа од ептен мала средина.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
940
Поени од реакции
1.482
Кимих треба да му се забрани доживотно да изведува корнери.
Техничар ни треба у средина , не ни требаат 2 идентични играчи ко кимих и горецка.
Тиаго откога си отиде , за 50 посто сме подлаби у средина.
Лева очаен денес , Упемекано исто.
У глобала сите како успиени , пола пасеви ги утнаа.
Сане најдобар играч кај Баерн денес.
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Ејјјјј пред 100 години беше активен фан клубов, се запустил сибал мајката.

Поздрав до стара екипа ако случајно прочита
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
940
Поени од реакции
1.482
Малце да ја размрдаме темава , малку сме ама барем не има :D

-Ке дадам јас една моја анализа за досегашниот дел од сезоната

Искрено , јас не сум фан на Нагелсман ама мора да му се признае на човекот , машки излезе од кризата.

5/5 во ЛШ со гол разлика 16:2 и последната ја играме + на Алианц и со тоа се големи шансите со максимални 18 бода да ја завршиме групата.

Сите 5 текми во ЛШ ги спреми одлично , само замерка му е првото полувреме со Барса , ама ја увиде грешката и се корегираше на полувреме.Секако дека беше тешка групата и му се одава признание , ама на кантар све ке се стави во нок-аут фаза , барем јас така го гледам тоа , со овој ростер и све што доби сезонава , ако не стигне до полуфинале , треба да му дадат отказ и стојам позади тоа!

Бундес:
Тука незнам што да кажам искрено..
Незнам дали е пресудно немањето среќа , дали Нагелсман премногу експериментираше со составот и праеше грешки , дали тоа што пола екипи веќе применуваат ист стил на игра против Баерн , бункер - контра - гол, дали од се по малце , стварно незнам , ептен чудно е во Бундес годинава.

За сега околу тренерот јас лично останувам неутрален.
Тоа што ја скоцка одбраната исто му се признава , ама треба многу повеќе да размислува околу некои одлуки во клучни моменти..

Играчи:
Ноер - не треба да се коментира
Упамекано - се има подобрено и игра одлично моментално , но и на него ке му се "суди" во вториот(клучен) дел од сезоната.Изигра утакмици на највисоко ниво , поготово таа со Барса дома , каде што со Лукас беа за чиста 10ка.
Де Лихт - се позна од старт дека он е печен лидер за одбраната.Човекот си има сигурност , борбеност , посветеност , дисциплина , осет да биде на право место во право време.
Хернандез - Јас не памтам кога последен пат има изиграно лоша утакмица, доволно е толку да се каже и затоа барем според мене заслужува да биде стартер пред горенаведени.
Павард - топло/ладно и се врти во круг.Напредок е сезонава што има повеќе добри него лоши партии.Во некои од тие добри текми беше и перфектен.
Маз - непредвидлив(во добра смисла) , брз , смирен , има осет на топка , напред си гази , во одбрана исто покрива одлично , има одлично позиционирање и дечкото треба да си е стартер на десен бек.
Дејвис - Ферари е , ама најмногу замерки иам за него сезонава.Тие соло продори и оставање дупка позади ке не коштаат скапо против екипите од самиот врв.Башка денес Дембеле парче го напраи , треба да си стави во глава исто дека Дембеле нема фудбалска интелегенција и дека некој друг ден место него ке биде Мбапе и нема да му се прости како денес.
Станишич - Одлична замена да покрие бековска позиција 30-35 мимути.
Кимих - Мотор на екипата , без него е три пати послаба средината.Затоа игра секоја утакмица , сите 90 минути.
Горецка - немам многу за него што да кажам ,него повредите му ебаа мајката, он си е секогаш одличен на неговата позиција на средина на теренот.Со Кимих како 20 години заедно да играат..
Сабицер - добар е чоекот , игра добро , ама неможе сеуште да се носи со тоа што игра во Баерн , сеуште мислам дека сам си праи притисок и затоа некогаш прави такви грешки.Стартер-не , прв избор од клупа - дефинитивно да.
Гравенберх - во тие шанси што му беа дадени , изигра солидно.Има потенцијал да биде Game changer ама треба максимално да си ги искористува шансите што му се дадени и да пружа маестрални партии за да биде рачунат како можност за првотимец.Дојде во тим со изградени и докажани играчи , по медиуми ако плаче за тоа што не игра , нема далеку да стигне.
Сане - за него нема да зборам да не го урочам.Најбитен играч е на Баерн сезонава!
Мусиала - Бамби има магија во нозете , се протиња кај што 3ца не поминуваат.Му фали агресивност малце и не го мрда никој него од средината.Сезонава дар - мар праи , се надевам ке продолжи така.
Мане - се прилагодува , ке си дојде неговото во 2 дел од сезоната(mark my words).
Гнабри - почна добро , па го удри некоја дамла и пружаше катастрофални партии , моментално си е солиден.
Коман - он е способен да игра само ЛЕВО и таму кога игра е многу опасен.Ама Мане е за класа фудбалски поинтелегентен од него и исто така е многу брз така да прв избор од клупа за крилни позиции.
Чупо - Чупо секогаш бил достојна замена и секогаш кога играл и кога му биле дадени шанси си ги искористувал максимално.Му се пружи шанса последниве утакмици да биде стартер , ја оправда одлуката на тренерот.
Тел - треба да иде на позајмица , премногу е незрел за Баерн.
Милер - катастрофа сезонава , не му се замерува - он е играч што може тоа да го смени кога највеќе треба.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom