- Член од
- 17 август 2014
- Мислења
- 3.704
- Поени од реакции
- 5.937
Наредно лето имаме голема шанса да го донесеме Кејн, особено доколку тој не продолжи со Тотенхем, а наводно дал позитивни знаци на првите контакти со луѓе од Баерн.Малце да ја размрдаме темава , малку сме ама барем не има
-Ке дадам јас една моја анализа за досегашниот дел од сезоната
Искрено , јас не сум фан на Нагелсман ама мора да му се признае на човекот , машки излезе од кризата.
5/5 во ЛШ со гол разлика 16:2 и последната ја играме + на Алианц и со тоа се големи шансите со максимални 18 бода да ја завршиме групата.
Сите 5 текми во ЛШ ги спреми одлично , само замерка му е првото полувреме со Барса , ама ја увиде грешката и се корегираше на полувреме.Секако дека беше тешка групата и му се одава признание , ама на кантар све ке се стави во нок-аут фаза , барем јас така го гледам тоа , со овој ростер и све што доби сезонава , ако не стигне до полуфинале , треба да му дадат отказ и стојам позади тоа!
Бундес:
Тука незнам што да кажам искрено..
Незнам дали е пресудно немањето среќа , дали Нагелсман премногу експериментираше со составот и праеше грешки , дали тоа што пола екипи веќе применуваат ист стил на игра против Баерн , бункер - контра - гол, дали од се по малце , стварно незнам , ептен чудно е во Бундес годинава.
За сега околу тренерот јас лично останувам неутрален.
Тоа што ја скоцка одбраната исто му се признава , ама треба многу повеќе да размислува околу некои одлуки во клучни моменти..
Играчи:
Ноер - не треба да се коментира
Упамекано - се има подобрено и игра одлично моментално , но и на него ке му се "суди" во вториот(клучен) дел од сезоната.Изигра утакмици на највисоко ниво , поготово таа со Барса дома , каде што со Лукас беа за чиста 10ка.
Де Лихт - се позна од старт дека он е печен лидер за одбраната.Човекот си има сигурност , борбеност , посветеност , дисциплина , осет да биде на право место во право време.
Хернандез - Јас не памтам кога последен пат има изиграно лоша утакмица, доволно е толку да се каже и затоа барем според мене заслужува да биде стартер пред горенаведени.
Павард - топло/ладно и се врти во круг.Напредок е сезонава што има повеќе добри него лоши партии.Во некои од тие добри текми беше и перфектен.
Маз - непредвидлив(во добра смисла) , брз , смирен , има осет на топка , напред си гази , во одбрана исто покрива одлично , има одлично позиционирање и дечкото треба да си е стартер на десен бек.
Дејвис - Ферари е , ама најмногу замерки иам за него сезонава.Тие соло продори и оставање дупка позади ке не коштаат скапо против екипите од самиот врв.Башка денес Дембеле парче го напраи , треба да си стави во глава исто дека Дембеле нема фудбалска интелегенција и дека некој друг ден место него ке биде Мбапе и нема да му се прости како денес.
Станишич - Одлична замена да покрие бековска позиција 30-35 мимути.
Кимих - Мотор на екипата , без него е три пати послаба средината.Затоа игра секоја утакмица , сите 90 минути.
Горецка - немам многу за него што да кажам ,него повредите му ебаа мајката, он си е секогаш одличен на неговата позиција на средина на теренот.Со Кимих како 20 години заедно да играат..
Сабицер - добар е чоекот , игра добро , ама неможе сеуште да се носи со тоа што игра во Баерн , сеуште мислам дека сам си праи притисок и затоа некогаш прави такви грешки.Стартер-не , прв избор од клупа - дефинитивно да.
Гравенберх - во тие шанси што му беа дадени , изигра солидно.Има потенцијал да биде Game changer ама треба максимално да си ги искористува шансите што му се дадени и да пружа маестрални партии за да биде рачунат како можност за првотимец.Дојде во тим со изградени и докажани играчи , по медиуми ако плаче за тоа што не игра , нема далеку да стигне.
Сане - за него нема да зборам да не го урочам.Најбитен играч е на Баерн сезонава!
Мусиала - Бамби има магија во нозете , се протиња кај што 3ца не поминуваат.Му фали агресивност малце и не го мрда никој него од средината.Сезонава дар - мар праи , се надевам ке продолжи така.
Мане - се прилагодува , ке си дојде неговото во 2 дел од сезоната(mark my words).
Гнабри - почна добро , па го удри некоја дамла и пружаше катастрофални партии , моментално си е солиден.
Коман - он е способен да игра само ЛЕВО и таму кога игра е многу опасен.Ама Мане е за класа фудбалски поинтелегентен од него и исто така е многу брз така да прв избор од клупа за крилни позиции.
Чупо - Чупо секогаш бил достојна замена и секогаш кога играл и кога му биле дадени шанси си ги искористувал максимално.Му се пружи шанса последниве утакмици да биде стартер , ја оправда одлуката на тренерот.
Тел - треба да иде на позајмица , премногу е незрел за Баерн.
Милер - катастрофа сезонава , не му се замерува - он е играч што може тоа да го смени кога највеќе треба.
Инаку Сане и Мусиала имаат страшна хемија заедно.
Де Лигт назад ти е како да имаш + 1 плејмејкер, добри пасови пушта напред и знае да се ослободи од висок пресинг, топ трансфер кој де факто е исфинансиран со парите од продажбата на 35 годишниот Лева.
Упамекано исто така напреднат сезонава, имаше страшни партии во последно.
Кимих и Горецка се константа, ретко да изиграат лош натпревар, Кимих е особено мотор на екипава иако на моменти ни фали некогаш таа техника која ја имаше Тиаго во ситуации кога противникот прави висок пресинг.
Нагелсман денес мастеркалс тактички, не ги остави 2 паса да сврзат Барса со високиот агресивен пресинг, и тоа во натпревар каде што игравме без 2-3 клучни играчи.