Сезонава според мене не ја завршивме успешно , од ваков Баерн не очекував помалку во ЛШ освен финале.Да не ја спомнам траумата од Кил во купот , тоа е капак..
Ама ајде , бидна што бидна ,се десија многу работи , имаше пресврти внатре во клубот и мило ми е што веќе се е готово , иако не заврши баш како што треба.Флик е најголема грешка на Баерн од кога ги пратам , а тоа е веќе 20 години.
Во новата сезона искрено не очекувам баш многу , комплетно тренерската екипа се мења , доаѓа Негелсман од Лајпциг и не сум баш некој голем фан на него поради начинот на игра.Со 3 5 2 или шта веч , очобол ми е за гледање.Ниедна друга екипа во светот не е толку претпознатлива како Баерн во однос на крилно напаѓање.Тоа е таа брутална игра на Баерн што ги красела сите овие години уназад.Пресингот , динамиката , позиционирање , креирање безброј шанси , едноставно кога си од другата страна незнаеш од кај попрво ке ти влезе
.
Несакам тоа да го изгубат , ма колку сака титули нека донесат.Головите и победа секако се битни , ама мене лично премногу ми е битна играта.Така се добива константност.. головите , титулите сами со доаѓаат после тоа.
Голем песимист сум за Негелсман си кажав , ама ке му дадам шанса , поготово ако не измислува топли води како Пеп и си остане на моменталната формација.
Околу играчкиот кадар.
Голман - Ноер не мрда уште 2 3 години , ама мора да се размислува и на долгорочно , Нубел да го пратат на позајмица каде што ке може да се истакне и да напредува , јас мислам дека ке излезе и од него страшен голман.Да се донесе обавезно некоја сигурна алтернатива додека е он на позајмица што ке може да покрие ако не дај боже се деси некоја повреда иначе ке си го јадеме стапот како и секогаш.
Одбрана
Дејвис , Упемекано како и да се вика , Лукас , Павард
Оваа е таа идеална 4ка позади што очекувам да биде ептен на висина на задачата ако не баш следната сезона , сигурно во наредните.Ова е некој сличен бедем позади како тој на Јуп во шампионската сезона.
Мора да се размислува и на клупа , ако го продадат Суле , тогаш има проблем мора да се донесе 3 штопер и обавезно млад лев и десен бек за замена.На повеќе фронтови без клупа не се иде , колку сака нека е јака екипата , без јака клупа нема успех и тоа е тоа.
Средина:
Деструктивец - Горецка
тука дефинитивно нема дилема , човекот и физички се ојача и прерасна во врвна класа на играчи и очекувам уште поголем напред од него сезонава.Според структура , начин на игра идеален ми е за таа позиција.
Креатор(Лидер) - Кимих ?
Колку и да ме боли душава што го кажувам ова затоа што знам дека од сите таму моментално дава највеќе крв , ама потфрли сезонава многу кога беше најпотребно и ме разочара, ама он е играч што јас би му дал 150 шанси и пак и пак и пак би му дал после тоа.Има нешто во него што го имаше Ван Бомел , Ефенберг и Басти до негде , не е исто , ама има жар и лидерство во него што другите го немаат , се надевам дека сезонава ке биде таа каде што ке експлодира и ке си ги покаже сите свои способности.Креативноста спомнав ја нема на Тиаго и мислам дека неможе да ја исполни ама ке му дадам и за тоа време , Кимих е играч со големи муда и ништо не е исклучено.
За првиот ред од средината они се за сега стартна постава ама имаме солидни замени со Толисо и Рока , веројатно и Вајналдум ке дојде така да потполнети сме до негде и тој дел од теренот е причилно стабилен.
АМФ - Томас Милер
Одличен предходнава и пред неа сезоната и мислам дека уште 1 до 2 може да изигра и доста му е , за Баерн направи МНОООГУ повеќе од што се очекуваше и бескрајно мислам дека и фановите и сите во клубот ке му бидат благодарни за тоа.
Еден од 3 клучни играчи во последните 15 години во Баерн.Таков играч како него многу ретко се раѓа , не му било дадено дар за фудбал , ама затоа му дале нешто друго - да биде на право место во право време и највеќе кога треба.Тоа е чудо луѓе што го прави Милер.
Замена за оваа позиција мора да биде Муисала , има страшен и огромен потенцијал , сезонава мора да му се дава шанса на секоја утакмица по едно полувреме или по 30тина минути ама баш на оваа позиција , не на крило , ке го уништат таму.Тоа дете многу ме интересира како и во што ке се развие.Мислам дека нема да потфрли
Исто така мислам дека треба да се купи одличен играч(стил на Кутињо или Фирмињо) за да се добие на квалитетна клупа
Крилни позиции
Гнабри , Коман , Сане
Ехххх дојдовме до таму кај што боли
Сите се страшни играчи и скилери секој посебен на свој начин , ама им фали една многу битна работа - муда.
Нивните предходници оставија терет кој они неможат сеуште да го носат на грб и страв ми е дека нема ни да можат.
Коман си има сјајни моменти и кога му е оставена ширина е страшно опасен и тоа обично е 90 % шанса за гол , ама мора малце да научи да игра на мал простор.Тоа е тоа што него уствари го јебе да не е стартер цело време , играта на мал простор.Ретко кога пробува да направи нешто , секогаш скоро ја враќа назад или ја влече ептен на страна , не пробува да влезе у меѓупростор па макар и да згреши .Да се усоврши таму , на тешки маки ке бидат сите противнични бекови со него.
Гнабри ми е најстабилен од нив 3ца , си стекна самодоверба , ни многу ни малце , стандарно од него и тоа е одлично за сега.Дефинитивнонмоментално е 1 опција за ктилен напаѓач.
Сане
Најнадарен и најталентиран од нив 3ца , ама не го користи тоа како што треба.Он влага у меѓупростор , има иницијатива , има потези , знае да се истакне , знае и да истрча странично , ама на крај со вишок потег ли што би рекле нашите брз мозок , ке посере све што направил и ке усере многу работи.Истото е со него е цела сезона , мора тука и некој да го научи на тоа , да му посвети внимание , иначе ке си биде само вечити талент и нема да стане никат фактор во ниедна екипа.
Крило 1 да се донесе за конкуренција и да се има повеќе опции секогаш.
Црнтрален напаѓач
Нема тука што да се објаснува , Левандовски е еден од најдобрите 9ки во последните 20 години.
За мене пред него е само Роналдо бразилецот и толку.Дисциплината и посветеноста си го напраи своето, он е играч што ја прави моментално разликата во Баерн.
Ама јас не би се разочарал и ако се отиде и да дојде Халанд пример понаредната сезона.Старост си е старост и тоа е тоа , јас секогаш сум ги поштувал тие смени на генерации во Баерн.
Чупо е одлична замена за напаѓач така да и тука сме иаполнети.
Значи според мене би било идеално да се донесе еден голман за сезона две колку за не дај боже и нубел директ позајмица, два бека - може и од школата да се донесат да им се даде шанса , немора да се купува , ама да им се дава шанса и простор за напредок.Тоа се покажало во Баерн како одличен потег со многу играчи.
Штопер ОБАВЕЗНО , таму секогаш на големи натпревари го јадеме курот ради повреди и неможе да се остави Баерн пак таво нешто да им се задеси.
Средина Вајналдум е сосема ок ако потпише и ке бидеме исполнети ептен.
КРИЛЕН НАПАЃАЧ - ИСТО MUST или ОБАВЕЗНО или како и да е , иначе пак 30 шанси како против париз и на крај со курот у уста.
Ова е напишано со претпоставка дека ке си остане истата формација или слична некоја тактика
Мое гледиште на работите