1. Смачено ми е од нашето катастрофално изведување корнери, па колку и да си инает ќе видиш дека не оди и ќе воведеш нешто ново, на пример нагло улетување на фудбалерите надвор од шеснаесетник во шеснаесетник, а тие од шеснаесетник назад, за да се збунат противниците кои бранат играч а не простор и да се направи мешаница. Ние статично секој корнер исто и секој корнер е сјебен уште пред да се изведече, џабе Тирни 10 корнери доби...
2. Апсолутно неаме играчи за да доминираме средина на терен и тоа многу значи во вакви натпревари, овие играчи не се играчи да имаат посед, премногу се статички, премногу се мрзливи, тромави, немаат креативност, многу време им треба за прием и пес, играта е преспора и цело време секој кога прима топка има по 2-3 играчи на грб. Играта е трула од старт цела сезона, само 2-3 натпревари сме играле добро да не може противникот со топка да се состави и 10 гола да сме можеле да дадеме, денес немаме никаква игра, само на индивидуален квалитет (Обамејанг стативата) би можеле гол да дадеме.
3. Се изгуби драгоцено полувреме со Мартинели на клупа, ниту еден од стартните 11 не заслужува да игра повеќе од Мартинели. Ако сака воопшто победа нека го стави на терен одма во второ.