Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно ќе се плашат ене ги гаќите ги наполнија. Епа реално ако не освојат ЛЕ, единствено ако успеат до Конференциската да стигнат преку ПЛ. Поубаво да не играат ништо во Европа, отколку да играат Конференциска.
Сарказам друже...

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Убави голчиња дадовме, иначе тотално небитна утакмица, чекам четврток да дојде да и удариме печат на оваа бедна сезона.

Рано е, печатот ќе го удриме во финалето :D
 
Сарказам друже...

Sent from my SM-G965F using Tapatalk

Знам дека си саркастичен. Ама реално крај на сезоната е и треба да се помират навивачите дека ова е најлошата сезона. Јас посакувам да освојат ЛЕ, ама не верувам дека се способни за такво нешто во моментот. Денес со Њукасл ме разочара со пристапот во еден дел од натпреварот, оти ја умртвуваа играта и чекаа да помине времето. Реално ако по некоја случајност играат Конференциска, јас немам намера да ги пратам натпреварите. Со кого да ги гледам таму, со Партизани Тирана, Чукарички, Силекс или Академија Пандев, Мура, Зета или некои други клубови кои се под нивото на Арсенал? Срамота е на што спаѓа Арсенал, од сезона во сезона.
 
Да се помириш дека ова е катастрофална сезона и да ти паѓаат очекувањата се две различни работи.
А тоа "ај бар ќе се посветат на ПЛ" ми е очај и тешење у стилот "во секое лошо има добро"...

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Брајтон да ни ги спакува Потер и Лампти за летоска :)
 
Потер дава Рој Хоџсон Ливерпул вајбс али ај, само нека се дава неш
 
Ај да видеме, чинам Тотнем му е следна дестинација, ако отиде там да се надеваме дека ќе испадне како шо викаш :D
 
Лампти ако сакаат да го донесат треба солено да го платат. Патем во зимскиот преоден рок покажале интерес за него.
 
Пак без Џака, ризик јак мила душа :D
 
Не сум сигурен дали бранат резултат...

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Уште 3 полувремиња нека ни дадат, со овој пристап нема гол да постигнеме, освен ако ни поклонат пенал или автогол.
 
Нула тактика, нула пожртвуваност, нула борба и на крај ќе победиме со некој гол на среќа само за да гледаме плус еден мизерен натпревар за кој се надевам дека ќе го загубиме пошо овај Арсенал со овај менаџер не заслужува елитно натпреварување како ЛШ.
 
1. Смачено ми е од нашето катастрофално изведување корнери, па колку и да си инает ќе видиш дека не оди и ќе воведеш нешто ново, на пример нагло улетување на фудбалерите надвор од шеснаесетник во шеснаесетник, а тие од шеснаесетник назад, за да се збунат противниците кои бранат играч а не простор и да се направи мешаница. Ние статично секој корнер исто и секој корнер е сјебен уште пред да се изведече, џабе Тирни 10 корнери доби...
2. Апсолутно неаме играчи за да доминираме средина на терен и тоа многу значи во вакви натпревари, овие играчи не се играчи да имаат посед, премногу се статички, премногу се мрзливи, тромави, немаат креативност, многу време им треба за прием и пес, играта е преспора и цело време секој кога прима топка има по 2-3 играчи на грб. Играта е трула од старт цела сезона, само 2-3 натпревари сме играле добро да не може противникот со топка да се состави и 10 гола да сме можеле да дадеме, денес немаме никаква игра, само на индивидуален квалитет (Обамејанг стативата) би можеле гол да дадеме.
3. Се изгуби драгоцено полувреме со Мартинели на клупа, ниту еден од стартните 11 не заслужува да игра повеќе од Мартинели. Ако сака воопшто победа нека го стави на терен одма во второ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom