И така отиде и последната шанса за некаков трофеј.
Се што сега се случува е реприза од лани. Поразот од Милан-поразот од Барселона, оваа изгубена во ФА купот денес-поразот во финалето во К.Куп лани, а сега тек ќе почне нашиот пад. Искрено не очекувам ни бод во дерби наптреварите со Тотенхем, Ливерпул и Њукасл. Како и секој феврувари и март тимот се распаѓа психички и физички. Оваа сезона мислев дека тој период поминал на почетокот, во оној мизерен старт на сезоната, арно ама тоа било само бонус на ова што следува.
Тимот толку многу тоне, секоја година се повеќе и повеќе.