Две шанси имаше Воткинс сам, едната по млака интервенција на Габриел и втората по случајно одбиена топка кога со глава ја шутна.
Патем Парти и покрај голот мислам дека е слаба карика во тимот, премногу грешки во пас за неговата позиција, изгубени топки кај што не смеат да се изгубат, не е сигурен во интервенции, на Рајс жолтиот картон му претходеше неуспешен старт од Парти, изгледа повредите го имаат доста уназадено.
Хаверц е меме, огромно фудбалско IQ ама во завршница многу е често Јаја Саного. Имаше една шанса од 5 метра ја шутна со погрешна нога, потоа имаше 1 на 1 шанса после одличен пас од Рајс, овој отиде на страна и после на слепо проигра до противнички играч. Не го кривам што е спор ама и многу често е несмасен, а патем не е ниту доволно силен за да прави булинг на играчите во дуел. Се вклопува во системот, знае да процени тајминг да улета, интелигентен играч е, добра пас игра, ама се плашам дека не е доволно за прв напаѓач на тим што се бори за титула.
Тросард пред Мартинели да стартува треба, еднаш така кога Мартинели влезе од клупа, братов даде за 3 минути 2 исти гола во стил на Анри. А и Тросард е многу клинички играч, огромен процент на искористеност на шанси има, ептен ни е потребен во напад во ситуации како вчера.
Тоа што ми се допаѓа е што веќе клупата ни е многу посериозна, десно крило и шпиц ни се се уште дефицитирани позиции, сега и АМФ доста сме тенки за замена за Одегард, бидејќи и Виера и ЕСР не се во клубот.