Фан Клуб: Арсенал

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Не ми е јасно зошто е продаден Havard Nordtveit ? ? ?
Жити се од каде ваква информација?
Не е логично Венгер да донесе играч кој 3 години ќе го кали, ќе го игра... ќе го направи поквалитетен од Скилачи и Силвестре и ќе го продаде... да не е на позајмница ?
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Продаден е друже потпиша за Менхенгладбах...
Јбг и јас сакав да остане ама веројатно Венгер се надева дека Бартли ќе биде подобар од него
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.855
Поени од реакции
10.227
Се загрижил професорот за играта во одбрана, ама немало да купуват во Јануари???????!
http://www.goal.com/en/news/9/england/2010/12/30/2283067/arsene-wenger-worried-about-arsenals-defending-after-draw

--- надополнето ---

http://www.goalsarena.com/video/england-barclays-premier-league/29-12-2010-wigan-athletic-arsenal_en.html
Само слушајте што кажува чоекот! последните 4 минути мислам.
ПОСЕБНО Македонец_7!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Колку ме изнасмеал овој од спортска редакција на Канал 5 вести -
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, подготвува понуда од 35 милиони за капитенот на Арсенал Секс Фабрегас

Не знаеш на која глупост во реченицава повеќе да му се изнасмееш. :pos2::pos2:
 

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Не ми е јасно како по толку катастрофа резултати сеуште сме во игра за титула. Сигурно ова ќе да е најлудата сезона во Премиер.
Многу сакам да освоиме титула, посебно додека Венгер е суште тука, веројатно тој и Фабрегас најмногу ја заслужуваат, сепак овие двајцата со потпросечни и просечни играчи и соиграчи го држат тимот во врвот.

Од Венгер сакам да преземе одговорност барем, ако не за секој барем за 3 порази, неможе цело време некој друг да е крив за тоа што губиме бодови, што добивме предходните сезони кога чуваше играчи, ништо, повеќето беа цела сезона повредени, ништо нема да добиеме ни оваа. Едноставно не губиме ништо, титула немаме, што ќе не чини ако се обидеме да ја освоиме, бидејќи мислам дека претходните сезони, па и оваа, не се ни обидуваме да се бориме за титула, Ноември и ние сме веќе 3 или 4 со 8-9 бода разлика. Оваа сезона, ние си играме исто, си губиме исто, само нашите конкуренти почнаа да губат исто колку нас и затоа сме израмнети, првиот тим што ќе ја прнајде својата победничка форма и направи серија, ќе ја освои титулата, без разлика кои други ќе бидат зад него и колку после него ќе бидат константни.

Оваа сезона пострашно е што одбраната ни е поголема дупка и утка од кога и да бил претходно, што неможеме да се одбраниме ни од најслабиот тим, од сите примаме голови, не требаше да се продава Туре, со Вермален двајцата ќе беа страшни, идеална двојка.

Да се разбереме, не барам ниту сакам Венгер да замине, ама можам да го критикувам за секоја грешка што ќе ја направи, а ги има многу во последно време.

1. Се опушти многу во Арсенал, изгледа се мисли дека никој ништо не му може, тоа не е здраво за тимот, мора да постои притисок подеднакво врз секој и успехот да се дели помеѓу секој;
2. Ги стиска парите како циција на пазар, гледа и ништо не купува, децата растат и си заминуваат во други клубови каде постигнуваат какви такви резултати со подпросечни игри, цело време произведуваме готов производ во форма на комплетен играч кој потоа се продава на некој друг тим;
3. Што го воведе глупавото „правило 30“ заради кое изгубивме доста играчи, Пирес на пример, Анри си замина бидејќи не сакаше да јаде Арсенал срам кога ќе го примораше секоја година да потпишува договор на 1 сезона, срање;
4. Ако незнаеш сам да си најдеш голман, прашај и плати, ќе ти најде некој друг.

Се изморив од набројување, си отворив многу работа, но некој мора да сноси одговорност, ако за ништо друго барем за играчите, тие да не си мислат дека се неспособни, разочаран работник не е продуктивен.

Мислам дека една титула ќе реши многу проблеми, било каква титула, некаде да бидеме први, ќе не потсети сите што е тоа слава, како се освојува итн. ќе влијае позитивно на играчите па и на Венгер.


Ме нервира тоа што им се приговара и се напаѓаат сите што го критикуваат Венгер, тој не е светец,( Не дај боже уставен судија во Македонија) па да не го критикуваме.

Поздрав.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Се загрижил професорот за играта во одбрана, ама немало да купуват во Јануари???????!
http://www.goal.com/en/news/9/england/2010/12/30/2283067/arsene-wenger-worried-about-arsenals-defending-after-draw

--- надополнето ---

http://www.goalsarena.com/video/england-barclays-premier-league/29-12-2010-wigan-athletic-arsenal_en.html
Само слушајте што кажува чоекот! последните 4 минути мислам.
ПОСЕБНО Македонец_7!
Слушнав, и ?


Толку од мене за годинава, одам на забави... Се читаме во Новата година...


Поздрав и убав помин до сите
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Ајде дечки бидна шо бидна,важно не сме изгубиле ништо и одиме даље ;) На 1ви утакмица со Бирмингем,овде треба да ги напраиме самите да се аресат :) И Среќна Нова Година на сите Ганери кај и да се!!!
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
439
Поени од реакции
148
Незнам како може да каже некој дека Фабиански е крив при вториор примен гол, играчот на Виган беше сам пред гол, ако не ја удреше Скилачи он ке ја закачеше... ако се бара кривица за голот, најверојатно би требало да се бара кај Ебуе(мислам) ако е он тој што го чуваше играчот што ја уфрли топката пред гол. Дефанзивата е должна да не дозволи да дојде до тоа, а ако дојде, голманот да проба да ја одбрани, ако не тоа иде на душа на дефанзивата. Грешка на голман е да му се лизне топката, да направи кикс, да ја утне, да не затвори убаво бранет агол и т.н., а не да брани зицери од 1 метар пред гол,иако го одбрани тој на Н'Зогбиа...

За резултат сметам дека поголемиот дел од вината е кај Венгер, направи 8 измени, што беше доста чудно,како да го потцени Виган.. уште почудно што играше Бендтнер десно крило, тој извади квалитетен состав индивидуално гледано, но тој состав не е уигран, па затоа и не постигнавме уште некој гол.Како и да е, не беше толку лош нападот во овој меч како што беше одбраната, а посебно Скилачи и Ебуе.Скилачи направи доста киксови па 1-2 пати Кошчиелни 1 на 1 со противничкиот играч добро стартуваше па тие не беа катастрофални, Ебуе слабо исто, таму н'зогбиа доста пробиви направи и опасни беа многу од таа страна и киксот при вториот гол.Ние џабе збориме ова Венгер згрешил она згрешил, нас сигурно нема да не послуша, он ако ги носел одлуките според тоа што викаат дека во дадениот момент дека треба да направи од фановите сигурно нема да бил толку успешен како менаџер и немало да има успеси како што до сега ги има во неговара кариера.Јас не се сомневам во неговата компетентност и сигурен сум дека оваа година ке не води до ПЛ титула...

Во мечот имаше и многу грешки на судиите кои директно влијаеа на конечниот исход, односно досудениот пенал кој беше надвор од шеснаесет и недосудениот наш при раката на слободниот на Насри, но ние сме голем тим и не треба да ни влијаат на резултат грешките на судиите посебно затоа што игравме со тим кој моментално се наоѓа на дното на табелата, а и знаевме од претхондо колку незгодни знаат да бидат, мн порано требаше да влезе јас мислам Волкот па да направи спринт, два и да влеземе во последните 10 минути со 2 гола предност...
Тоа е тоа, мечот е сега минато, имаме среќа што уште сме во трка за титулата и после волку лоши резултати, уште не е ништо изгубено има уште пола сезона и ни треба само континуирано добра игра и титулата не ни бега, а мислам дека за тоа имаме и квалитет и желба. Очекувам новата година да ја почнеме со победа против Бирмингем и да ни почне бериќетно:)

Последен поздрав Ганери во оваа година, се читаме во следната. Среќна нова и божиќни празници:smir:
 
D

D_NazGUL

Гостин
Не ми е јасно како по толку катастрофа резултати сеуште сме во игра за титула. Сигурно ова ќе да е најлудата сезона во Премиер.
Многу сакам да освоиме титула, посебно додека Венгер е суште тука, веројатно тој и Фабрегас најмногу ја заслужуваат, сепак овие двајцата со потпросечни и просечни играчи и соиграчи го држат тимот во врвот.

Од Венгер сакам да преземе одговорност барем, ако не за секој барем за 3 порази, неможе цело време некој друг да е крив за тоа што губиме бодови, што добивме предходните сезони кога чуваше играчи, ништо, повеќето беа цела сезона повредени, ништо нема да добиеме ни оваа. Едноставно не губиме ништо, титула немаме, што ќе не чини ако се обидеме да ја освоиме, бидејќи мислам дека претходните сезони, па и оваа, не се ни обидуваме да се бориме за титула, Ноември и ние сме веќе 3 или 4 со 8-9 бода разлика. Оваа сезона, ние си играме исто, си губиме исто, само нашите конкуренти почнаа да губат исто колку нас и затоа сме израмнети, првиот тим што ќе ја прнајде својата победничка форма и направи серија, ќе ја освои титулата, без разлика кои други ќе бидат зад него и колку после него ќе бидат константни.

Оваа сезона пострашно е што одбраната ни е поголема дупка и утка од кога и да бил претходно, што неможеме да се одбраниме ни од најслабиот тим, од сите примаме голови, не требаше да се продава Туре, со Вермален двајцата ќе беа страшни, идеална двојка.

Да се разбереме, не барам ниту сакам Венгер да замине, ама можам да го критикувам за секоја грешка што ќе ја направи, а ги има многу во последно време.

1. Се опушти многу во Арсенал, изгледа се мисли дека никој ништо не му може, тоа не е здраво за тимот, мора да постои притисок подеднакво врз секој и успехот да се дели помеѓу секој;
2. Ги стиска парите како циција на пазар, гледа и ништо не купува, децата растат и си заминуваат во други клубови каде постигнуваат какви такви резултати со подпросечни игри, цело време произведуваме готов производ во форма на комплетен играч кој потоа се продава на некој друг тим;
3. Што го воведе глупавото „правило 30“ заради кое изгубивме доста играчи, Пирес на пример, Анри си замина бидејќи не сакаше да јаде Арсенал срам кога ќе го примораше секоја година да потпишува договор на 1 сезона, срање;
4. Ако незнаеш сам да си најдеш голман, прашај и плати, ќе ти најде некој друг.

Се изморив од набројување, си отворив многу работа, но некој мора да сноси одговорност, ако за ништо друго барем за играчите, тие да не си мислат дека се неспособни, разочаран работник не е продуктивен.

Мислам дека една титула ќе реши многу проблеми, било каква титула, некаде да бидеме први, ќе не потсети сите што е тоа слава, како се освојува итн. ќе влијае позитивно на играчите па и на Венгер.


Ме нервира тоа што им се приговара и се напаѓаат сите што го критикуваат Венгер, тој не е светец,( Не дај боже уставен судија во Македонија) па да не го критикуваме.

Поздрав.
Друже одлично си го напишал ова. Комплетно се сложувам со тебе.
Инаку само колку за инфо за еден од погорните написи - Да Мурињо го бара Фабрегас за 35 милиончичи.
 

xochipilli

Војвода
Член од
29 јули 2006
Мислења
426
Поени од реакции
116
Среќна нова година ганери...и сакам титулааааа, се читаме од недела
 
Член од
2 август 2009
Мислења
975
Поени од реакции
380
Срекна нова година на сите ганери и се најубаво се читаме другата година :salut:
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Среќна нова и наредна без многу нервози само малку колку да има дискусија и да не е досадно. И нормално ПЛ и ЛШ ништо повеќе :wink::helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom