Фан Клуб: Арсенал

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Можеби и ќе го земе затоа што најверојатно Миачи ќе оди на позајмица за да набилда уште малку искуство. Сепак млад е од сега да се префорсира за прв тим а потребно му е искуство затоа што моментално неможе многу да го добие со резервите. Добро ќе му дојде во англија ако биде да осети англиска лига затоа што лани во холандија не е исто.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773

Имаше најнови шпекулации дека Валенсиен од Франција биле заинтересирани за Рио.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Арсенал дава 25 милиони, плус Аршавин и Бентнер за Марио Геце!

Арсенал е спремен да испрати интерсна понуда за младата ѕвезда на Борусоја Дортмунд, Марио Геце. Според англиските медиуми ’топџиите’ се спрени да платат 25 милиони евра плус Андреј Аршавин и Николас Бентнер, за да го добијат потписот на млдата германска ѕвезда.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека е импресиониран од Геце и дека го сака во своите редови, но германскиот шампион одбива да се раздели со 19-годишниот германски репрезентативец.

Во моментов Бентнер игра како позајмен фудбалер во Сандерленд, додека Аршавин е резерва и добива многу малку минутажа за игра, па токму затоа Венгер е спремен во понудата да ги вклучи и двајцата свои фудбалери.

Точно е ова?
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Да, чим е од спортски.мк сигурно е точно
 
gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Арсенал дава 25 милиони, плус Аршавин и Бентнер за Марио Геце!

Арсенал е спремен да испрати интерсна понуда за младата ѕвезда на Борусоја Дортмунд, Марио Геце. Според англиските медиуми ’топџиите’ се спрени да платат 25 милиони евра плус Андреј Аршавин и Николас Бентнер, за да го добијат потписот на млдата германска ѕвезда.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека е импресиониран од Геце и дека го сака во своите редови, но германскиот шампион одбива да се раздели со 19-годишниот германски репрезентативец.

Во моментов Бентнер игра како позајмен фудбалер во Сандерленд, додека Аршавин е резерва и добива многу малку минутажа за игра, па токму затоа Венгер е спремен во понудата да ги вклучи и двајцата свои фудбалери.

Точно е ова?
Во ниту еден случај точно.
Но како на фб, така и тука би искоментирал, би сакал доколку Арша и Бени = Геце.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Едно е сигурно, Венгер нема да купува на зимо.
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.506
Поени од реакции
10.260
Абе ако ме прашувате лично мене сум за.Ем ќе се ослободиме од 2 идиоти ем ќе си добиеме класа играч :)
 
derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Тоа со Мијачи ми мириса на Фабрегас, со една разлика, Професорот го зема Мијачи од средношколски тим без еден ден професионално искуство, и кога лојалноста ќе дојде на испит сигурно исходот нема да биде ист. Фабрегас сепак дојде од голем клуб, но треба да се признае дека доколку останеше таму немаше да стане играч како што е денеска. Но и ние потајно од самиот почеток знаевме дека ќе дојде ден за разделба, впрочем шпанците се сите такви, сетете се на Рејес, дечкото беше бомба во Арсенал, но тој проклет Реал... Сон на сите шпански фудбалери е да играат во Реал или Барса, сепак имаат силна лига. Колку англичани се докажаа во други лиги, освен Харгривс во Баерн и донекаде Мекманаман во Реал Мадрид. Домашните играчи во трите најсилни светски лиги, Англија, Германија и Шпанија не сакат да играат надвор, што е сепак разбирливо, топ тимовите во овие три лиги се во постојана конкуренција за ЛШ, кое е најквалитетно светско фудбалско натпреварување.
Да се вратам на Мијачи, и малку за Чемберлејн. Двајцата се разликуваат од останатите млади проспекти со самото тоа што играат во Арсенал, кадешто, Професорот, со неколку исклучоци, развивајќи млади таленти има придонесено за развојот и растот на популарноста на светскиот фудбал повеќе и од самиот Пеле, но ФИФА нема да биде ФИФА ако не е организација составена од најдолните гомна во фудбалот. Како инаку може да биде срочена изјавата на мистер Сеп Блатер дека расизмот се искоренува со ракување. :cenzura:
Венгер знае како Мијачи и Чемберлејн да ги направи играчи од светска класа на 21 година. На 17-18 години светот се гледа преку розеви наочари и се е идеално, но кога притисокот ќе стапи на сцена, карактерот на младиот човек ќе биде скршен на мали парчиња. Колку овие двајцава се држат подалеку од гладните очи на лешинарите (спортските новинари), толку подобро, нив им се потербни натпревари од низок профил, по некој натпревар во куп, позајмица во Чемпионшип, па позајмица во Премиер и добредојде во првиот тим на Арсенал.
Нереално е да очекуваме дека уште од наредната сезона ќе се наметнат, истата грешка ја направивме со Волкот, а резултатот од тоа беше - исфрустриран играч, исфрустрирани навивачи, новинари кои додаваа уште фрустрации итн. да беше било кој друг менаџер, освен Венгер, до сега 100 пати ќе го шутнеше. Но Професорот знае, а бидејќи тој знаеше од самиот почеток затоа сега сите се восхитуваат на играта и зрелоста на Волкот. Бил подобар во дефанзива, секако, само што тоа на напаѓачки ориентиран играч од 19 години не му е во прв план, дефанзивата доаѓа со искуство и зрелост. Сега замислете го Волкот за 2 години ... а ;)
И да не го тупиме многу ние фудбалските лаици, сепак Професорот знае најдобро, без него Арсенал не би бил тоа што е денес.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
^ ова со Мијачи земен од школо :) слично ми е ко филмон Goal :pos:
Па вистина е, Мијаичи никогаш не играл во професионален клуб пред да дојде во Арсенал, играл само во тимот на неговото средно школо.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Ќе видиш ако почне да греши колку внимание ќе се обрне на него. :D

Него, многу фама некако се крева за Џонсон. Мислам дека на форумов е повеќе сакан и од самите навивачи на Сити. Некој да не го знае Џонсон и да го чита форумов ќе мисли дека е во ранг на Меси и Кристиано, а не резерва на Сити и често критикуван. Џонсон > Волкот?? Нема шанси. Што ако е one trick pony Волкот кога тоа и те како функционира. Да не го урочам, ама откога сврза утакмици без повреда е еден од најконстантните во тимот. Плус не знам дали приметивте ама Волкот е многу подобар дефанзивно од минатите сезони. Се гледа голем напредок во Тео. Џонсон ќе напредува? Мислам дека Волкот кој е 2 години помлад од Џонсон и го има Венгер за тренер ќе напредува многу повеќе.
Имаше една многу убава реченица после мечот Арсенал - Сити:
Two English wingers on show. Only one of them played like an international, and it wasn't Johnson. Chamberlain superb.

За во иднина ќе бидеме покриени и по левата страна со Мијаичи. Не за џабе Венгер го зема од средно школо и доби дозвола како спешл талент. Само што мислам дека ќе земеме уште едно крило во јануари или на крај на сезона така да ќе бидеме и повеќе од покриени, а највеќе типувам на Варгас од Фиорентина. Имало шпекулации во Чиле дека ќе потпише за Арсенал, а е одличен играч за на клупа. Плус може да игра и повеќе позиции, а Wenger loves that. :D
Моментално Џонсон е мноооогу подобар од Волкот. Во шо !? Во удар, додавање, краток пас, шанса за гол. Играта на Волкот е следната: Претрчување на левиот бек од противничката екипа, додавање во 16кот и толку. Прашање е дали ќе заврши со гол. Другата акција од него е, втрчување како втор напаѓач, кој успева еднаш во 50 акции, и да вроди со гол.

Е сега, дека Волкот ќе напредува повеќе, ќе напредува сигурно. Но, не знаеш можеби и Џонсон ќе напредува... Тоа е тоа.
--- надополнето: Dec 6, 2011 6:40 PM ---

20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Arsenal: Fabianski, Djourou, Vermaelen, Squillaci, Santos, Frimpong, Coquelin, Benayoun, Arshavin, Oxlade-Chamberlain, Chamakh.
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.506
Поени од реакции
10.260
Давајте стримови да не ве нема ! :) :) :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom