Незнам од кај да почнам стварно
Значи денес 40 минути пред старт кога беше објавен оној состав без Сања и Вермален и со таа формација толку бев убеден дека ќе изгубиме и тргнав да ставам 100 евра на 1-13+ ама срце не ми даваше да уплатам против Арсенал, никогаш немам играно против и не го направив тоа ни сега...
Не очекував 8-2 очекував нешто како 3-0 или 4-1 ама ова беше ужас.
Кого да критикувам сеа? Играчите? Венгер? Управата? Ма сите треба да сносат критика сите до еден и тие што играа и Венгер и управата.
Ај да почнеме од Венгер.
Едноставно неможам да сфатам зашто почнавме со таа формација стварно неможам...
Ќе извадам еден цитат од Мерсон:
“You have got to have tactics - you can’t just have a Plan A, you have to have a plan B. The way Wenger set up wasn’t good enough. You can’t put teams out all the time and just say ‘go and play the Arsenal way’ – that isn’t fair on the players."
Значи зашто зашто зашто почнавме со таа формација со тие играчи што ги имавме на располагање? Па неколку од нив никогаш не играле заедно. Зар Венгер отиде со намера да победи таму? И најсилни кога сме биле не сме можеле да победиме а не па денес со овој тим. Искрено Венгер треба да сноси голема одговорност за ова... огромна. И тим од 4та лига да дојдеше немаше волку без душа да изигра и да прими 8 гола.
Почнавме со одбрана која уште на прв поглед се знаеше дека ќе биде решетана, почнавме со само еден дефанзивен средњак кој играше ПРВ ПАТ за Арсенал и кој има само 20 години. Не изигра лошо Кокелин ама едноставно неможеше сам да игра против сите. Јасно беше дека Јунајтед ќе ја има иницијативата а Росицки и Ремзи ништо не направија дефанзивно за да му помогнат.
Ај остај тоа ама на Џенкинсон и Траоре им ги остаивме Аршавин и Волкот? Seriously give me a break. Тоа се двајца играчи кои заедно дефанзивно придонесуваат НИШТО ама баш НИШТО. се знаеше дека ќе не убијат по таа лева страна со Евра и Јанг и Венгер пак почна како да играме против било кој. Јас ќе му помагав повеќе на Џенкинсон од Волкот што правеше, дали 3 пати се врати назад... А друг муабет е што Џенкинсон е дрво.
Тоа е тоа што ме нервира, неговата тврдоглавост и тактичка отупеност, можеше да излезе со зајакната средина и само Шамак напаѓач а РВП полушпиц кој ќе помага и во средина. Така едноставно ќе ја умртвевме играта и немаше да се шетаат по терен така. Ама не ние мора да идеме офанзивно макар и примиме 8 гола... Епа мој Венгере не се зема така титула...
Друго, уште мислите дека одбраната ни е добра? Море каков Џуру бе, дрво недоделкано брзи играчи го вртат како сакаат. За првиот гол чиста негова грешка заедно со Шчезњи кој едноставно мораше да искочи на таа топка. Исто Шчезњи сноси кривица и за вториот гол на Руни пошто не се иде на слободен на проценка ама воопшто неможеме да му замериме пошто да не беше он ќе примевме уште 2-3.
Неможам да зборам за сите играчи посебно ама морам за Џенкинсон...
Чиста споредба, Џонс и Џенкинсон. И двајцата се 19 годишни и двајцата се земени за резерви ама Џонс е 15 милиони светлосни години пред оној нашион.
Па тој не вреди ни 50 000 бе, Панче Ќумбев е измислен за него а Ебуе беше ворлд клас.
Немам желба денес за ништо цел ден ми е усран, ако не купиме никој до среда јас сум убеден дека нема да завршиме во топ4, наречете ме песимист или како сакате ама тоа е мое мислење по тоа што го видов до сега од овој Арсенал...