Тимовите на Астон Вила и Арсенал покажуваат многу сериозен интерес за трансфер на голманот Мидлзборо Џејсон Стил, пишува во денешното издание таблоидот „Мирор"
Баш фино што сака да земе друг голман, ама повеќе навивам за некој постар и поискусен, голманите и треба да бидат постари тие играат до +37 без проблем, што дека ги развиваме овие помладите за нив треба време нека бранат во куповите таму да собираат искуство. А можеби и треба да се решиме за еден голман, Фабијански да кажеме, и нека си брани па макар правел и грешки, така ќе се учи барем, е сега може да му се одземе првотимскиот статус ако направи некој ептен глуп кикс.
Џуру одлично игра во одбрана, не би требало да има некои сериозни проблеми..
Слаби сме многу во нафрлувањата а Џуру е висок и ги добива скоро сите дуели така да добри сме во одбраната сега за сега со оглед на тоа дека Верма го нема
))
Одбраната ни е никаква во последно време. Добро, имаме повреди, ама Кошеилни и Скилачи толку не функционираат заедно што е страшно, можеби не се уиграни, ама поверојатно е дека воопшто не се разбираат, меѓу одбрамбените централни дефанзивци мора да има хемија, да се разбираат природно без зборови и без поглед. Ми доаѓа да го прекомандуваме Сања во централен а Ебуе да си игра десен бек
, без заебанции, незнам како ќе функционираат Скилачи и Џуру, ама последните минути против Фулам ич не ми се допаѓаа, ние не сме тим што се брани и не треба да бидеме, последните минути изгледавме смешни, растрчани во 16тник како муви без глави, не се знаеше кој што покрива и брани.
Сонг имал слобода на движење, па Венгер не е нормален, јадеме ќотек од контри како третолигаши, неговата работа е дефанзивата, да брани и да тепа, има кој да дава голови (ДА Е ЖИВ И ЗДРАВ НАСРИ). Со тоа демек сакал да го изигра противникот, абе се е во ред, сваќам стратегија тактика, ама да му каже на дечкото дека кога ќе оди напред мора и да се враќа назад, негова примарна задача е дефанзива.
Кога вака ќе не закачи Јунајтед ќе го јадеме, против нив не треба да им дозволиме да ја допрат топката само да ја гледаат, па ако треба и само да се вртиме по терен. Јас би одел примарно на бод, па ако излезе шанса за гол да им го пикнеме и после да играме прва - втора пасови тепајќи време. Јунајтед и така станува нервозен кога не му е резултатот по мерка а времето одминува, ќе местиме некој да добие црвен и после ќе ги вртиме во место. Лесно нели, ја измислив стратегијата, добитна комбинација :raz:. Ех да беше толку лесно,во секој случај не смееме повеќе да делиме бодови па ни со Јунајтед и Челзи, за титула мора и нив да ги победуваме или барем да вадиме нерешено.
Јунајтед има натпревар помалку па може да не стигне, ама сеуште нема пораз, па ќе го јаде некаде тоа е сигурно, наша работа е да си собираме бодови 3, 1 како и да е само да не губиме (тоа 1 мислев на тешки натпревари, Јунајтед, Челзи итн не со овие отпаѓачиве
)
Како и да е сега прво да го издуваме Партизан па после Јунајтед.
Позз ГАНЕРИ!!!