Фан Клуб: Арсенал

Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
http://www.arsenal.com/news/news-archive/wenger-defence-strong-enough-to-win-title
ретко не се сложувам, ама овој пат незнам како би се сложил кога даваизјава дека дефанзивата ни е доволно цврста за да освоиме титула... а двајцата први дефанзивци ни се повредени!
И на тоа го надополнува губењето на поени од страна на Челзи... Што едно што не брига е нашите поени, ако ги земаме нашите, туѓите не би не интересирале . . .
Барем еден дефанзивец некако ми фали во тимов.
Ова не ме сваќајте грешно, верувам во титула и очекувам титула барем една оваа сезона па и да не е во премиер лига сепак една титула очекувам од овој состав!
Не си само ти... И јас не се сложувам !
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
А ако не сме ? : ))
статистика друже,титула сме освојувале само кога сме биле први на боксинг деј,2007та ако ти текнуе цело време бевме први а на боксинг деј исто бодови со јунајтед ама полоша гол разлика,и знаеш како заврши сезоната.

а тоа спамерче се надевам не се однесува на мене.
 
Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290

Знаев дека на тоа мислиш :))
Друже,2007-08,бевме +12 ако не се лажам пред Јунајтед и тогаш они освоија пак,но е и единствената екипа која не била прва на боксинг деј,а ја освоила титулата :)),а Арсенал единствен кој бил прв на боксинг,а не ја освоил,значи само еднашка се има десено,така да,може и уште еднаш да се деси,статистиката не значи многу :))
пс:за спамерче,пиша еден Жарко од МанУ,за него се однесуваше,ама гледам го избришале :)):smir:
 
stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Го постираа брат, страна наназад.

Џуру одлично игра во одбрана, не би требало да има некои сериозни проблеми..
Слаби сме многу во нафрлувањата а Џуру е висок и ги добива скоро сите дуели така да добри сме во одбраната сега за сега со оглед на тоа дека Верма го нема :)))
 
Абе, ако... Убо е да си ги читаш по поќе пати, за домашно...

Аре, ботој луѓе бе

--- надополнето ---

Тимовите на Астон Вила и Арсенал покажуваат многу сериозен интерес за трансфер на голманот Мидлзборо Џејсон Стил, пишува во денешното издание таблоидот „Мирор".

Колегата на Улие - Арсен Венгер, исто така, има интерес кон младиот голман. Според последните информации тренерот на Арсенал е подготвен да извади 4 милиони фунти за талентираниот голман.

Од Мидлзборо засега се повлекуваат и немаат особено голема желба да го продадат својот голман.

Шефот на Боро Тони Моубри сака да ги задржи Стил барем до крајот на сезоната, но истовремено јасно сфаќа дека нема да му биде воопшто лесно да го стори тоа и поради оваа причина почнал да бара потенцијален заменик на голманот.
 
Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
гол.ком одамна престанав да ги читам.Нема врска тоа со Вермален,Венгер имаше изјава за него на официјална,не спомна ништо во врска со негово враќање,ниту пак вчера спомна дека Лорен ќе биде аут 3 недели.
Еве од пред некоја минута што изјави Венгер:
Koscielny will start and is Ok. Djourou out injured with thigh. But should be back at weekend. Eboue fit again.

Џуру е оној што е повреден :((,како шо споменав,уште неможе да игра по 3 утакмици во една недела,но не е ништо сериозно.:))
 
bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Абе, ако... Убо е да си ги читаш по поќе пати, за домашно...

Аре, ботој луѓе бе

--- надополнето ---

Тимовите на Астон Вила и Арсенал покажуваат многу сериозен интерес за трансфер на голманот Мидлзборо Џејсон Стил, пишува во денешното издание таблоидот „Мирор".

Колегата на Улие - Арсен Венгер, исто така, има интерес кон младиот голман. Според последните информации тренерот на Арсенал е подготвен да извади 4 милиони фунти за талентираниот голман.

Од Мидлзборо засега се повлекуваат и немаат особено голема желба да го продадат својот голман.

Шефот на Боро Тони Моубри сака да ги задржи Стил барем до крајот на сезоната, но истовремено јасно сфаќа дека нема да му биде воопшто лесно да го стори тоа и поради оваа причина почнал да бара потенцијален заменик на голманот.
де бе паметњакович смири се не сум видел ... не се пали право како мајмун на банана
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
Овој Кошиелни ќе испадне најцврст :toe:. И со ливерпул мисевме дека отиде па се врати. Едино нешто што ми се свиѓа кај него е тоа што ми изгледа доста ментално стабилен, а фактот за тоа како од втора - трета лига нагло напредува во лориен каде после само една година се докажува и доаѓа во Арсенал каде за почеток добро се снаоѓа, кажува дека типот е на добар пат да биде одличен стопер. Кога ќе го видиш колку е физички јак а сепак влага доста одлучно во дуели кажува за фактот дека е цврст играч. Сепак не е работата само мускули набилдани од теретана и сосила форсирање. Природната снага е многу поиздржлива од набилданата. Вчера го гледав на јутјуб каде дава изјави и според моабетот ми изгледа на доста стабилен ментално и цврст играч.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
Најверојатно РвП ќе почне од 1ва минута а Шамак ќе одмара малку
 
Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Да спомнам дека арсенал.ком е избрана за најдобра веб страна за 2010 и за најдобра спортска веб страна за 2010 ,трета година по ред :))
Arsenal.com: Best Website of the Year 2010

When you see the names we beat - Facebook, Google, Oxford University - you can only be proud. :pipi:
 
derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Тимовите на Астон Вила и Арсенал покажуваат многу сериозен интерес за трансфер на голманот Мидлзборо Џејсон Стил, пишува во денешното издание таблоидот „Мирор"
Баш фино што сака да земе друг голман, ама повеќе навивам за некој постар и поискусен, голманите и треба да бидат постари тие играат до +37 без проблем, што дека ги развиваме овие помладите за нив треба време нека бранат во куповите таму да собираат искуство. А можеби и треба да се решиме за еден голман, Фабијански да кажеме, и нека си брани па макар правел и грешки, така ќе се учи барем, е сега може да му се одземе првотимскиот статус ако направи некој ептен глуп кикс.
Џуру одлично игра во одбрана, не би требало да има некои сериозни проблеми..
Слаби сме многу во нафрлувањата а Џуру е висок и ги добива скоро сите дуели така да добри сме во одбраната сега за сега со оглед на тоа дека Верма го нема :)))
Одбраната ни е никаква во последно време. Добро, имаме повреди, ама Кошеилни и Скилачи толку не функционираат заедно што е страшно, можеби не се уиграни, ама поверојатно е дека воопшто не се разбираат, меѓу одбрамбените централни дефанзивци мора да има хемија, да се разбираат природно без зборови и без поглед. Ми доаѓа да го прекомандуваме Сања во централен а Ебуе да си игра десен бек :toe:, без заебанции, незнам како ќе функционираат Скилачи и Џуру, ама последните минути против Фулам ич не ми се допаѓаа, ние не сме тим што се брани и не треба да бидеме, последните минути изгледавме смешни, растрчани во 16тник како муви без глави, не се знаеше кој што покрива и брани.
Сонг имал слобода на движење, па Венгер не е нормален, јадеме ќотек од контри како третолигаши, неговата работа е дефанзивата, да брани и да тепа, има кој да дава голови (ДА Е ЖИВ И ЗДРАВ НАСРИ). Со тоа демек сакал да го изигра противникот, абе се е во ред, сваќам стратегија тактика, ама да му каже на дечкото дека кога ќе оди напред мора и да се враќа назад, негова примарна задача е дефанзива.

Кога вака ќе не закачи Јунајтед ќе го јадеме, против нив не треба да им дозволиме да ја допрат топката само да ја гледаат, па ако треба и само да се вртиме по терен. Јас би одел примарно на бод, па ако излезе шанса за гол да им го пикнеме и после да играме прва - втора пасови тепајќи време. Јунајтед и така станува нервозен кога не му е резултатот по мерка а времето одминува, ќе местиме некој да добие црвен и после ќе ги вртиме во место. Лесно нели, ја измислив стратегијата, добитна комбинација :raz:. Ех да беше толку лесно,во секој случај не смееме повеќе да делиме бодови па ни со Јунајтед и Челзи, за титула мора и нив да ги победуваме или барем да вадиме нерешено.

Јунајтед има натпревар помалку па може да не стигне, ама сеуште нема пораз, па ќе го јаде некаде тоа е сигурно, наша работа е да си собираме бодови 3, 1 како и да е само да не губиме (тоа 1 мислев на тешки натпревари, Јунајтед, Челзи итн не со овие отпаѓачиве:))

Како и да е сега прво да го издуваме Партизан па после Јунајтед.

Позз ГАНЕРИ!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom