Не знам, али некако Џуру не ми влева доверба... Сендерос, Сиган, и само се плашам да не заврши како нив... Има талент, не велам не, но од лани и преклани не можам да кажам дека е добар.... Оваа сезона го гледав неколку пати, но оставам на наредните 3-4 мечеви да видиме и заедно да заклучиме дали е достојна замена за Лорен/Томас... Имам верба во него, но се надевам дека нема да ја злоупотреби.... Лорен направи неколку киксови, но имаше и блескави партии... Сите тие киксови, беа некако, не знам, неопределни, сите тие стартови, црвени, голови, но убеден сум дека од Лорен можеме да се потпреме сега и во иднина.... И не знам дали ке дочекаме Вермален и Косиелни да ги видиме заедно
Лани ? Лани не играше цела сезона.
)
Сезонава освен првите 2 натпревари,беше малце несигурен,но оправдано,немаше играно цела година.
Повеќе Лорен личи сезонава на Сендерос,него ли Џуру.И тој имаше блескави моменти,но и катастрофални грешки.
Плус Венгер го ротира Џуру,за да не “прегори“ ,после година време неиграње фудбал,не е лесно да играш по 3 утакмици во неделата.Во вториот дел очекувам уште повеќе да напредне во својата игра.Лани кога го продадовме Туре,Венгер му рекол на Џуру дека тој ќе игра во прв тим,а Вермален требаше да биде замена,но нели се повреди,па Вермален покажа што знае и умее
)
Лорен учи брзо,но треба да оди малце да се набилда,некако уште нестабилен ми изгледа,има супер талент и може да стане еден од најдобрите.
Слични се со Вермален,така да не верувам дека нивното партнерство би било успешно.
Од тоа шо го гледав сезоната сакам да ги видам Џуру-Вермален како прв избор,но сепак мислам дека Венгер ќе оди со Скилачи поради искуството.