Мартинели има најмногу заслужено да игра прва постава, од него и ЕСР почна мини бранот на добри резултати што траеше до пред 2 натпревари, клучен фактор на промена беше. Пепе ништо посебно не игра, само што игра подобро од мизеријата на која се имавме навикнато. Досега 0 пати успешно ќе пројдеше, сега поминува 1-2 пати. Подобар е од Вилиан, бидејќи овој другиов само блокови реди или праќа 20 метра над гол, ама ни приближно од квалитетите на Мартинели, кој изгледа повреди го мачат, па затоа цело време беше ваден на полувреме и не е игран. Во апсолутно се е Мартинели подобар, подобар прием, подобар дриблинг, подобро движење со или без топка, подобро улетување во фор, попрецизни пасови, само да е добар со повреди и ќе буши уште многу, додека Пепе ете ваков натпревар кај што ќе успее 2 пати да помине шутот во пораз 0:1 или гол во ЛЕ ќе е максимумот.
П.с. И ова заборавив да кажам, евидентно е колку Мартинели ги прави сите околу него подобри, додека кај Пепе тоа не е случај.