Дечки што ви е бе, нормални ли сте со коментариве, момциве денес беа за сите пофалби. Престанете да бидете хипокрити и во еден пост да викате “не треба резултати само нека има добра игра, да не е очобол“, а кога играат добро и се губи да нема никаква пофалба.
1. Ги исплескаа на старт, глава не знаеа кај им е, среќа во гз имаа па се погодуваа стативи, поништени убави голчиња ради офсајд што претходел на акцијата, шанси редење, со топка не се составија.
2. Дури и кога имаа контра одма ги гушевме, Парти одма им прекина контра, значи или убаво ги затваравме и не можеа да не фатат на спиење со нивното најмоќно оружје, или ги гушевме ако веќе се развиваше нешто.
3. Пеналот нема врска со пенал. Јас сум хроничен хејтер на Давид Луиз, абе за се можам да го хејтам, очи нејќам да му видам, ама апсолутно 0% има кривица човеков. Ако ова е пенал тогаш и на Сака тоа е пенал.
4. Дури и да се досудеше пенал, ако не ни исклучеа играч, глава ставам дека ќе се тепаше оваа, буквално Волвс беа надиграни и се имавме под контрола.
5. Мартинели, Оба ќе влезеа како редовни замени и немаше да паднеме на квалитет во напад дури и ако се издишеше некој.
Ова е тој Арсенал што сакам да го гледам. Вака со судии сме го јаделе и пред 10 години, ама бар сме си доминирале уште од старт. Без пичкарски пристап, уште од прва минута сто процентни шанси. Па и Бељерин за сите пофалби за пожртвуваноста на крај, со 8 играчи им доаѓаме до гол, овие во наша половина поставена линија бункер. Само вака да се продолжи и ќе стигнат резултати не се секирајте, не е пропадната сезоната, сезоната ќе пропадне кога пак ќе почнеме да играме мртво без ЕСР, Тирни, Сака.