Фан Клуб: Арсенал

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.182
Поени од реакции
13.460
Се сложувам дека Вилиан беше добар, иако таа шансата мораше подобро да ја шутне, мек шут беше премногу. Ама никогаш не би го ставил Вилиан на место на Мартинели, освен ако Мартинели нема мака со повреда, како и да игра е секогаш покорисен од Вилиан, било кој ден, на било кој резултат.

Иначе се слагам дека 3 бода ќе беа со Сака и Тиерни, ама не и за Обамејанг, Лаказет за Оба сезонава е Анри.

Иако имавме пречка и се тоа, они имаа многу поконкретни шанси од 5 метра пред гол, така да веројатно коректен е резултатот за прикажаното.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.072
Поени од реакции
6.730

Случајно или не ама Вилиан од кога влезе место Мартинели поопасни бевме во нападот.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Ех куче, нема да гориш во пеколот ако го пофалиш и Џака. Џака е одличен во серијава добра што ја имаме, не паметам дали има една грешка направено, не паметам кога дал пас наназад, да не го подречам одличен е! Седрик исто така уште една одлична утакмица, во вторник не сакам Белерин да го видам десно ако игра Тирни. За Холдинг нема муабет, еден од најбитните играчи ни е сезонава, незаменлив.
Еее Џака го фалам неколку по ред, последно време игра сосема солидно.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Добар, добар Џака стварно. Прекина да се врти само назад за пас, смирено, сочекува права опција. Веројатно растеретен е од притисокот, игра со поголема самодоверба. Вилијан солиден, ништо вау, али со оглед што очекуваме од него....:icon_lol:. Парти нешто под просек ама и го покриваа добро, ептен малце време и простор му оставаа. Уствари џабе пишувам сите некој просек извадија, ама некого морам да го подопцујам....

Пепе...

Некој треба да му објасни дека кога ќе се доближи со топката на раб на шестнаесетник, можен е и друг завршеток на акцијата освен...намести се на лева и пласирај на лева статива. Страшно еднодимензионален, да не речам полудимензионален. Море еднодимензионално димензионален.

И да...ЕСР има голем потенцијал да биде страшен плејмејкер. Крајно несебичен, и одлична проценка кога да тргне со топката и во кој момент да го направи додавањето.

0-0 со кој сите беа задоволни. Имаше шанси али со оглед дека и двете екипи направија по само две измени(ајде на крај нашата принудна не ја рачунам) јасно е дека размислуваа у стил...добри сме да не примиме гол па ако дадеме, дадеме.

За дечкиве беше важно да не изгубат и да не бидат доминирани. Сепак Јунајтед е контендер за титула во моментов па може и плус на самодоверба да добијат. ОК сме за сега, се подопраивме малце. Али сакам поексплозивни акциии да гледам со што е можно помалце додавања назад, а за тоа треба уште работа и квалитет.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
577
Поени од реакции
1.025
Јас мислам дека нашите изиграа одлично денес и претежно одбегнувам да кривам судии за резултатот ама денес сметам дека Оливер ги поштеди јунајтед и во голема мера влијаеше врз играта. Седрик доби жолт за практично ништо во рана фаза што за одбранбен играч е ко да си го оставил со една нога, додека Џака си доби удар со отворен ѓон од зад грб и едвај доби фаул. Мегваер требаше да крка црвен.

Џака уште си го има тоа да враќа топка назад ама одигра одлично, Парти треба да имаме малку трпение дур се привикне на лигата. Вилијан супер одигра со оглед на тоа што сезонава видовме од него. Смит Роу ако продолжи вака, за некоја година сигурен сум дека ќе добие капитенска трака.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Реален резултат, добро игравме со оглед на играчите што ни фалеа, ќе речам дури дека и посреќни треба да бидеме ние со бодот од Јунајтед, некако ми делуваа поконкретни.

Нема врска, не се посрамотивме, држиме добра низа, само не смееме пак да дозволиме со серија без победи пак да заглибиме во долниот дел на табелатa.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.072
Поени од реакции
6.730
Замислете само што ќе се случеше во очајниот период што го имавме Салиба да направеше некоја грешка во 90-та минута за пораз. Па фановите наши ќе го распнеа, на 19 години немаше да сака да игра веќе. Го гледам пак се лигавел дека не добивал шанса во Арсенал. Абе мочко 19 години си, кај дојде светов бе фудбалериве на 19 години да плачат за шанси да добиваат, ќе ќутиш и ќе се бориш за таа шанса. Па и Балогун го уценува тимот...
Автоматски споено мислење:

Чист пример треба да им е ЕСР! Сите тука знаевме дека заслужува шанса, не само оваа година туку и лани. Ама баш цел фудбалски свет знаеше. Збор не изусти и еве го сега, еден од највлијателните за добрата серија и со загарантирано место во први 11.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Наредните три утакмици се баш такви каде што мора да се извадат 9 бода за да стварно се потврди дека сме напреднале како тим за разлика од оној мизерен есенски период.

Волвс, Вила и Лидс, сите на гостински терен. Ако не тепаме на сите три, тогаш нивото ни е тоа 8-10 место, победи против ептен слаби противници и изненадувачки резултат против некој јак тим од топ4/6.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
577
Поени од реакции
1.025
Мислам дека Лидс ќе не изнамачат јако, особено ако немаме полн состав на располагање. Во налет се сезонава ептен, имаат страшно добри контри кои сигурно ќе ги искористат против нас и плус се физички ептен цврсти, нешто ко Барнли на стероиди :D
Секако, се сложувам дека ако сакаме да се вратиме во топ4 мора да се покаже менталитет и да се добијат наредните 3/3. Ако успат се врати во форма и Обамејанг ќе биде like a new signing среде сезона :)
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.388
Поени од реакции
12.816
Замислете само што ќе се случеше во очајниот период што го имавме Салиба да направеше некоја грешка во 90-та минута за пораз. Па фановите наши ќе го распнеа, на 19 години немаше да сака да игра веќе. Го гледам пак се лигавел дека не добивал шанса во Арсенал. Абе мочко 19 години си, кај дојде светов бе фудбалериве на 19 години да плачат за шанси да добиваат, ќе ќутиш и ќе се бориш за таа шанса. Па и Балогун го уценува тимот...
Автоматски споено мислење:

Чист пример треба да им е ЕСР! Сите тука знаевме дека заслужува шанса, не само оваа година туку и лани. Ама баш цел фудбалски свет знаеше. Збор не изусти и еве го сега, еден од највлијателните за добрата серија и со загарантирано место во први 11.
што читав низ нетов анализи за Салиба, бил доста лош во воздушни дуели и не проценувал добро високи/нафрлени топки, може затоа Артета не го играше.Во ПЛ тоа е погубно.
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.852
Поени од реакции
503
што читав низ нетов анализи за Салиба, бил доста лош во воздушни дуели и не проценувал добро високи/нафрлени топки, може затоа Артета не го играше.Во ПЛ тоа е погубно.
Има нешто и воа тоа ама има и воа тоа дека во оваа доба на корона тимот страшно штеди. Кога веќе имаа други дефанзифци на располагање зошто годинава да ги платат тие 5м за Салиба да дебатира, Мари на 10тата утакмица кога требаше да се доплати се повреди во сонот и Озил сагата доволно говороат дека тимот загледнува на секое поле каде што може да заштеде.
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.743
Поени од реакции
12.834
Има нешто и воа тоа ама има и воа тоа дека во оваа доба на корона тимот страшно штеди. Кога веќе имаа други дефанзифци на располагање зошто годинава да ги платат тие 5м за Салиба да дебатира, Мари на 10тата утакмица кога требаше да се доплати се повреди во сонот и Озил сагата доволно говороат дека тимот загледнува на секое поле каде што може да заштеде.
Ау какво штедење сме удриле на Озил, тоа просто цел фудбалски свет да подзавиди. Со парите заштедени читав сеа нови тренинг центри ќе сме граделе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom