Не, Оба никако не смееме да го продадеме, првпат имаме играч кој двапати по пред ќе даде 20+ голови од Анри навака, годините нема да се пречка да остане во форма, стопати ќе повторам, најдобрите напаѓачи моментално во европа се над 30 години, има уште многу фудбал за Оба и ако е точно тоа со платата што ја бара, тоа е ништо, ситниш.
Многу повеќе ќе платиме за негова замена и пак нема да сме сигурни дека ќе до добиеме истито импакт.
Ѕверка е Оба, верувам и јас дека има уште многу фудбла во него, верувам и да беа некои поразлични времиња и да можеше да се игра уште 4-4-2 ќе беа топ тандем Лака и Оба напред, бидејќи има одлична кохезија меѓу нив, кога и да е Лака паднат во финиширање, секогаш има добри пасови, па супер мислам дека би функционирале заедно, ама секако во модерен фудбал нема место за таква формација. Муабетот ми беше дека пречесто сме ги продавале нашите најдобри играчи поради икс причини и сме виделе дека никој не бил незаменлив дали Насри, Фабрегас, РВП, Алексис итн, ако сака да остане во Арсенал ќе остане, ако сака да си замине и да му ја овозможиш таа поголема плата пак ќе замине од клубот, особено кога би имала толкава заинтересираност за него, а верувам дека би имала после сезонава. Клубот го прават 11 играчи плус резерва за секоја позиција. Ако останување на Обамејанг би го сметале во клубот како нов трансфер и не би мрднале со прст да се засилиме во одбраната и креативност да зголемиме во средината, тогаш ќе гледаме пак Арсенал како лани и оваа година, барем ја таква перцепција имам на работите дека во клубот нема пари, дека затоа се цепкавме со трансферот на Пепе за 4 години отплаќање и донесувавме free agent играчи. Ако продавање на Обамејанг би значело rebuild на тимот и тотално чистење со 70% смена на моменталните играчи, тогаш потпишувам, некој млад трансфер ќе погодиш ко Мартинели, некој играч од академија ќе се погоди ко Сака и ете ти тим склопен без преплатени играчи и без играчи за кои само Ердоган е заинтересиран. Ја бар тоа мислам дека е единствен начин клубот да профункционира, бидејќи како што знам финансиите не ни се добри, ако случајно сме станале ПСЖ во меѓувреме и имаме пари да задржиме играчи и да купуваме секаде каде што има имаме дупки (а имаме многу дупки), тогаш топ.

Додека не се направат драстични промени на тимот, и ако тимот во 90% состав е истиот, ние немаме шанси никакви за ЛШ, еве и некако да се погоди Јунајтед, Челси и компанија да станат поумрени од нас (што некако не гледам дека натаму оди работата) и се довлечкаме до ЛШ место, ние пак ќе отпаднеме во осмина финале, на која основа би ги поминале Барса/Баерн, како сме подобри од времето кога 8 години по ред отпаѓавме во осмина финале? Ако амбиицте се да обезбедиме ЛЕ место, тогаш да веројатно би можеле и со ваква политика како е тргнат клубот, пак викам веројатно во случај ако Обамејанг не се повреди или слично.
Така да, веројатно ме сфати, ако се има пари во клубот и може да се дозволат трансфери (паметни трансфери) со моменталната финансиски ситуација, тогаш нека се задржи и нека се прави rebuild, ако се нема пари и единствен начин да се обезбедат пари е трансфер на Оба (и многу други) со цел да се почне rebuild тогаш мислам дека мора да се нафатиме на тој чекор.
И на крај краева, што ќе прави Арсенал кога веќе толку се ослонуваме на него, ако не дај боже Обамејанг се повреди? Од 7мо паѓаме на 10то место, не е ли иста мизерија? И еве и да не се повреди, сам ли Обамејанг ќе ја влече топката од противничка половина до гол? Да не не лажат резултатите од последните натпревари, ама пола сезона не може нашата средина топка да префрли за да стигнеме до гол, во тие натпревари и Обамејанг е бескорисен. Тоа само можеше Алексис како онаа сезоната пред да отиде во Јунајтед, кога имаше како крило 24 гола во ПЛ само. Ете преживеавме после продажбата на Алексис, не прави играч толкав импакт колку што бројките не тераат да мислиме дека прави, нас ни треба ТИМ, Арсенал НЕМА ТИМ.