Фан Клуб: Арсенал

Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Извинете вака шо упаѓам, кога ја играте заостаната со Тотенхем ?
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ремзи и Алмунија ја заебаа цела утакмица, на крајот имавме дури и шанси да победиме, но така е кога цеч натпревар се спие а само последните 20 се играат.

btw играв спортска после три месеци и само нашите ме паднаа на тикет, ги избаксузирав!
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
439
Поени од реакции
148
Ремзи ај се враќа уште од повреда, али поголеми дрва од Денилсон и Алмуниа неам видено. Денилсон еден саглам пас не дае, дечкото е мизерии, Алмуниа си почна со киксовите, нека го става следната Леман иначе врвка ни е работава.. Бендтнер го глеам праи нешто се труди, трча, али контрола на топка мн слабо.. му избегаа 2 мислам оваа утакмица, слично како шансата со Барса.
Средината денес најслаба ни беше, на крај Насри коа смени позиција и направивме шансите.
Како и да е, добро што не изгубивме, играме без 5-6 првотимци,штета што толку сме склони на повреди.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Не дај се Инес....

Да беше почеток на сезона право да ви кажам ќе бев презадоволен од борбеноста што денеска ја покажаа после два примени гола. На жалост не е почеток туку крај на сезонава и оваа екскурзија денес не ни требаше воопшто, особено по 3-те бода на Манчестер денес. Повеќе мислам дека е апсурдно да се измислуваат секакви бесмислици за тоа зашто Арсенал повторно ја усра работата: тревата била крива, судијата, не сме имале среќа, не не сакале боговите, не добиле репете, немало маренда, месечината е премногу блиску итн.

Како навивач на Арсенал, нормално е дека си го сакам клубот, уживам кога победува и нормално ме боли кога губи. Неможам да ги сфатам оние убедувања дека ако сум навивач на некој клуб не треба да мрчам за неговите слабости и дека каков-таков треба да го поддржувам постојано. Јас комплетно се сложувам со фактот дека треба да сме постојано со својот клуб, но исто така верувам дека и секогаш имаме комплетно право да бараме од клубот на кој сме бескрајно верни, да ни возврати со успеси. За тоа е што е најдобро за тимот нормално секој има различно мислење и моментално „најдобро“ знае и чини тој што е на чело т.е. А.В.

Лично мислам дека првенствено ни фали финиш (некој велат техника - не ми замерајте) на акциите. Имаме ситуација да во поголемиот број на утакмиците оваа година и кога сме победувале и кога сме губеле се едно, да сме биле во ситуација многу пати да постигнеме гол но поради одсуството на техниката не сме успеале во тоа. Еве денес или уште поубаво - против Манчестер јунајтед - ненормално голем број на неискористени шанси и тоа зборам за оние 99% од пред празен гол. Точно е дека е потребна среќа, но во нашиов случај покрај среќата ни фали и добар финиш (денес Ремзи).

Многу луѓе мислат дека враќањето на Верминаторот ќе ги реши сите наши проблеми во одбраната??? Јас би сакал тоа да биде така, но чисто се сомневам дека после толку долго време ван терен дека одеднаш ќе се врати и ќе биде у стара добра форма. Мислам дека брзо ќе го продаде него Венгер. Многу ми е жал за овој човек. Беше една од - ако не и најјаката алка во нашиот тим. Сега моментално у одбраната наликуваме на швајцарско сирење повеќе од било кога. Не би требало да е така затоа што помалку или повеќе имаме добри играчи (Кошелни, Сања, Џуру) али пусти повреди се изреметија, иако повторно ќе кажам дека требаше во Јануари да се купи дефанзивец.

Ова што се случуваше со Цеск од летово па наваму веќе преминува во фарса и е повеќе од очигледна веќе желбата кај него за заминување од Емирати. Време е да му дозволат да си замине оти човек кој е половина на Емирати, а со мислите веќе лета за Барса - не дава 100% од себе.

Голман! Навистина незнам како успева Алмуња да се одржи во клубов и како и покрај сите негови киксови Венгер сеуште го поштуе. Не смееше да се дозволи борбата за титулата да ја решава токму тој! Знам дека ситуацијава е произлезена од збир на несрекни околности и дека (се надевам барем) Алмуња би бил трета и последна опција за на гол, сепак кога веќе ти седи на клупа значи рачунаш на него. Требаше и тој да биде решен у Јануари.

За крај морам да кажам дека ако ништо друго оваа година во нашите редови се појавија двајца нови борци кои заслужија посебен респект и кои мислам дека се само зачетокот на новата генерација НЕДОПИРЛИВИ - Шчезни и Вилшир.

Се надевам дека летниов преоден период А.В. ќе ги увиди грешките што ги направи за време на Јануарскиот период, ќе ги исчисти дебилите од тимот (Бендтнер, Денилсон, Алмуња а можда и нешто друго) и ќе земе барем еден квалитетен играч, а знаеме купуењето на, јас барем ги викам петфунташи (деца за по 5-10.000 фунти) не ни бега во секој случај.

Момци (и девојки ако ги има) сеуште се надевам на чудо годинава, не сум изгубил надеж, ја осеќам титулава тука ни е на дофат .... само кога би издржиле уште малку. Исто така се надевам дека после толку долго време без титули и успеси КОООООООООООНЕЧНО ќе се случи чудо и А.В. ќе ги подотвори малку вратите и ќе пушти некој добар играч да влета на Емирати.

Поздрав до сите
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772

Супер пост, но само не се сложувам дека Венгер ќе го продаде Вермален.. А и не би требал...

Иначе браво за постот... :helou:
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
The pitch was very difficult for us, it looked difficult to get passing to the top speed.

Секогаш ни е нешто друго криво на нас :)
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.115
Сеа глеам освен победата над Лејтон од 5-0 во месец март се само негативни резултати...добро е што неаме повеќе натпревари месецов...
 
D

D_NazGUL

Гостин
Анри го утна првиот пенал сезонава!

Него дечково Хуан Агудело мноооогу ме потсеќа на нашава легенда. Ај да видам дали некој се слага со мене?

Kajgana Shop

На врв Bottom