Нема квалитетен, не квалитетен дискутант.... Таа 2003та шо ја спомнуваш е светлосни години пред оваа, во квалитативна смисла... Но, мора да признаам дека кога Аршавин го даде голот ми дојдоа солзи во очите, и почуствував нешто.... Тоа ти е како сеќавање на прв секс/бакнеж.. Знајш како !? Со голот на Аршавин се сеќаваш кога Арсенал се вратил од негатива, порано, и успеал да победи.. Слично беше денес..
Но, немаве среден ред, денес апсолтуно... Венгер имаше фантастичен сенс на полувреме, тргајќи го од игра Денилсон, и при тоа враќајки го Насри на средина, и почнувајќи ги акциите од сопствениот 16ник... Но, нашата немоќ денес, кога дури и Шамак и Никлас се враќаја пред Алмуниа да почнат акција, е доказ дека не можеме да им парираме на искуството кое го има Јунајтед во вакви ситуации, кога се на крај и кога мора да победуваат....
Друга ствар, без Фабрегас сме тим како Евертон, а пак кога ги нема ниту Сонг, ниту Волкот, ниту Џуру/Вермален, сме тим со втора постава... И со ваков тим, кој не покажа денес течна игра, се вративме од 2-0, ми дава малце, значи малце некаков знак, дека не треба на Јунајтед да им честитам титула.... Сеуште... Иако пред мечов реков дека и нерешено е исто како пораз, стојам на тоа, но и дека титулата е уште еден чекор подалеку... Малце ме радува фактот дека 3 дена пред мечот со Тотенхем, самите тие играат со Реал Мадрид и ќе се знае дали ќе одат понатаму или одпаѓаат, т.е играат реванш... После елиминација, можеби ќе биде полесно да ги совладаме, особено тоа што веќе полека но сигурно губат здив...
Така да, ќе се осудам да кажам дека Јунајтед веќе со 99,9999 % ја има титулата само во свои раце, а кај нас е 0.0001 %.... Но, и тие 0.0001% мене ми се доволни за да верувам во мојот тим...
Одлично ќе ни дојди паузата, пред се, да се вратиме и консолидираме, и после тоа со полни сили да одиме напред... Слушнав дека Џуру дури можел да настапи на пријателската утакмица за Швајцарија, па помислувам на фактот дека Венгер прави еден трик со Јохан... Барем се надевам...