Фан Клуб: Арсенал

Член од
18 октомври 2010
Мислења
523
Поени од реакции
164
Не знам зошто Вела воопшто не добиваше шанса. Штом Бендтнер може да игра како стартер, зошто Вела да не може. Ама добро ете ќе се наигра сега во ВБА па нека дојде подобрен за следната сезона. Ќе ни треба.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Мило ми е за Вела, но уште помило ми е за Шчезни.. Заслужено... Ниту еден кикс, ниту нешто што може да му се префрли... Нека вежба шутирање на тренинг и таман ќе биди
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Мис се допаѓа ова за Шчежни,помалку за Вела,но добра е.Нека игра детето,нека се калеми :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Добро е за вела што е во ВБА затоа што играат доста офанзивен фудбал. Мислам дека за оваа сезона се единствениот тим што не надиграа....
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Зошто да не се купува од Венгер ?

И додека Адебајор ги спакува куферите и замина во Мадрид, од Манчестер Сити сигурно се прашуваат – зошто купувавме од Венгер? А што на тоа да каже Барселона која неколкупати се испекла на таа тема?

Арсен Венгер како релативно непознат тренер пред 13 години пристигна на клупата од Арсенал, а тогаш никој не можеше да претпостави дека и денес ќе седи на неа. Низ годините стана познат поради одличното око за таленти, како и по многу внимателната полтика за купување играчи. Освен тоа, очигледно е дека го извлекува најдорото од своите играчи, бидејќи историјата покажува дека не треба дебело да се плаќаат неговите пулени – нема да играат ни приближно добро како во Арсенал.

10.Тиери Анри, за 24 милиони евра во 2007. Преминува во Барселона
Првата сезона беше бледа сенка, после малку се подврати, па на крајот заврши како тврда резерва. Сепак се чини никогаш во целост не го покажа тоа што се очекуваше од него. Не се навикна на улогата крилен напаѓач, и секогаш подобро играше како централен напаѓач, но таму играше само кога Ето беше повреден. Па затоа 24 милиони се премногу за така ограничен учинок од таков великан како Анри.

9.П. Виеира, за 20 милиони евра премина во Јувентус во 2005 год
Виеира во Јувентус пружи солидни партии, но никогаш не стана играч кој во целост го контролира средниот ред како што го правеше тоа во Арсенал. Тоа најдобро се покажа во европските натпревари, каде Јувентус лесно кикснуваше со противниците. Подоцна кога премина во Интер целосно ја изгуби формата.

8.Н. Вивас, за 7 милиони евра премина во Интер во 2001 год
Само Масимо Морати во тоа време беше спремен да плати дури 7 милиони евра за 31-годишен бек со спорни квалитети, кој одигра само една сезона на високо ниво. Во Интер не одигра скоро ништо, па ја грееше клупата и за 2 сезони за неколкупати помал износ се пресели назад во Аргентина.

7.М. Фламини, после истекувањето на договорот премина во Милан во 2008 год
Голема збрка настана околу неговото продолжување на договорот. Тој беше стожерен играч на средината на теренот, и поради него Арсенал се откажа од Жилберто Силва, но сакаше поголема плата, а Венгер остана доследен. Фламини и денес во Милан воглавно ја грее клупата.

6.А. Хлеб, за 15 милиони евра премина во Барса во 2008 год
Денес е на позајмица во Бирмингем. Хлеб во летото 2008 изрази желба за нов предизвик и премина во Барселона. После почетните проблеми со повреди, младиот Педро целосно се наметна на таа позиција, па на Хлеб не му остана ништо друго, туку да бара среќа во позајмици во други клубови.

5.К. Туре, за 19 милиони евра премина во Сити во 2009 год
Играчот кој требаше да го замени Сол Кембел и долго време да биде шеф на одбарната во Арсенал, потклекна поради парите и замина во Манчестер Сити. Под негово водство одбраната на граѓаните не делува воопшто сигурно, а Манчини веќе размислува за нов централен стопер.

4.Е. Пети, за 15 милиони евра премина во Барса во 2000 год
Фудбалерот кој во 1998. со третиот погодок ја запечати судбината на Бразил во финалето на СП, со години беше основа на средниот ред заедно со сонародникот Виеира. Кога стигна солидна понуда, замина за нов предизвик во Барселона, а како играше таму покажува вактот што веќе наредната сезона беше вратен повторно назад во Англија, овај пат во Челзи.

3.М. Овермарс, за 40 милиони евра премина во Барса во 2000 год
После губитокот на никогаш непрежалената клупска икона Луис Фиго, стручниот тим на Барса се одлучи за доведување на Овермарс. Цената беше неверојатни 40 милиони евра, со што се очекуваше Холанѓанецот во целост да го надомести отсуството на Фиго. Наместо тоа повеќе време помина по болници, и само со 30 години ја заврши кариерата.

2.Н. Анелка, за 35 милиони евра премина во Реал во 1999 год
Играч кој практично како јуниор дојде во Арсенал многу брзо се промовираше во најталентиран напаѓач во тоа време. За јадицата се фати мадридски Реал и за огромни пари во своите редови донесе потполно неурамнотежено момче, кое потоа целата кариера ќе ја помине лутајќи по разни клубови.

1.Е. Адебајор, за 30 милиони евра премина во Сити во 2009 год
Ако се земе предвид неделната плата од 165.000 фунти, Адебајор е најскапата аквизиција од редовите на Арсенал. Челниците на Сити и со него погрешија бидејќи Тогоанецот е вистински стручњак за да направи неред во соблекувалната. Освен тоа, тој секогаш без ни малку срам ќе го впери прстот во сите останати и ќе ги обвини за неговите лоши игри.

:pos2: Интересна статија....Поучна
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Ех што ми е мерак Капело што јавно си призна дека згрешил што не го повикал Волкот на светско.
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Ех што ми е мерак Капело што јавно си призна дека згрешил што не го повикал Волкот на светско.
Кај го слушна/прочита ова?Линкче дај,да му се изнасмеам , хахаха :)
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.856
Поени од реакции
10.227

Се во ред се согласувам така е ама 5.??????!
Немој молимте!
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.836
Поени од реакции
495
Сега да е паметен Волкот да изјаве дека нема да играе за Англија се додека а воде Капело, убаво че му врате... :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom