Прво да го пофалам голманот на Њукасл зашто да не беше тој , нашиот тим ќе издвоеше победа !
Имаа еден удар во рамки на гол , не победија... фудбал е.
Многу сум исфрустриран , но тоа е...
Само се надевам дека Насри и Вилшер ќе се спремни веќе за сл меч дека тоа што се пожалија на повреди и што беа заменети нема да искочи со уште некоја мистериозна повреда како на пример Вермален..
Како бе друже он ги спаси? Имаше само една јака интервенција кога го спаси голот а тоа беше во прво полувреме. Другото све си беше нормално бранење а ние бевме дрва...
Во врска со натпреваров мој коментар и оценки:
Колку и да сум оптимист после натпреваров можам само да кажам:
ЧАО ТИТУЛО!!!
втор пораз на домашен терен и тоа двата од тимови кои сега влегоа во лига.
Раликата помеѓу нас и Челзи и Манчестер е тоа што кога они играат лошо успеваат да победат со еден гол или во најлош случај да изиграат нерешено, ние неможеме ни гол да дадеме.
Катастрофална игра, Венгер го вади Вилшир го остава Фабрегас кој немаше ниту еден добар потег цел натпревар (слободниот беше среќа пошто погоди некој во ѕид).
Крилните позиции ни беа тотално неупотребливи немаше ниту еден т.н оверлап.
Едноставно против тимови кои се дојдени да се бранат на емирати ние доколку не дадеме гол првите 30 минути тогаш се мачиме ненормално и или ќе се извадиме на крај (Вест Хем) или ќе изгубиме бодови.
Во второ полувреме освен шансата на Тео немавме ама ниту една друга 100% шанса. Во одбрана против типови како Дрогба, Керол и други физички силни напаѓачи неможеме да се носиме.
Заклучок: Неможе секој викенд со иста тактика бе, кога играме со тимови кои што се бранат со 10 души можеме и двајца напаѓачи да имаме напред а не само со Шамак кој секогаш имаше 3ца околу него (да дрво беше и он).
Оценки:
Фабиански - 4 (негова вина)
Сања - 5 (ништо не направи)
Клиши - 5 (исто како Сања)
Кошчиелни - 4 (излета на 2-3 пути и не доби ни еден дуел со Керол, на крај и црвен)
Скилачи - 5.5 (не приметив да имаше некој кикс али и он имаше проблеми со Керло и Амеоби)
Сонг - 6.5 (добро одигра, имаше и неколку добри пасови во првито дел од кои мораше барем еден да претвориме во гол)
Вилшир - 7.5 (еххх да беа сите ко него може и ќе победевме, се развива во одличен играч и другите може да учат од неговата борбеност, како само се буткаше со Керол и оној црнецот у средина)
Фабрегас - 5 (многу грешки, најслаб натпревар сезонава)
Тео - 5.5 (не се виде освен пречката)
Насри - 6 (единствен кој од тројцата понапред се обидуваше нешто да стори ама слаб натпревар)
Шамак - 5 (тотално отсечен, лоши реакции на неколкуте шанси и многу изгубени воздушни дуели)
----------------------
Аршавин - 6 (внесе малце свежина)
РВП - 5.5 (се гледа дека нема играно баеги време)
Бендтнер - 5 (исто како Шамак, незнам ни дали фати топка)