Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Одличен натпревар, според шансите требаше петарда да има, но Аршавин тешко погодува, тешко дрво станал ќе мора Венгер да го освести малку....

Сега за сега добро ни оди, профитиравме од киксот на манчестер а и едно од големите дербиња е зад нас. Повредите пак ќе не јадат...
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Како сакаш речи, Зоки, но повредите не преебаа овие 2-3-4 години.... :)
 

Red Stefan

Младији Водњик :D
Член од
25 јули 2010
Мислења
76
Поени од реакции
1
Аршавин да грее клупа следниот натпревар да го видиме Вела детето заслужи минутажа поголема.
Исто како на времето Волкот кога не го ставаше мн. фрустираше
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Па оддамна има поврзување на Џеј Зи и Арсенал , но се во свое време.
Незнам дали ќе влее тоа некоја разлика во одборот... но нема да штети да се проба очигледно...посебно со тоа што Џеј и Би се нај профитабилен пар , може да вложат нешто во клубот..
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Го гледав распоредот на Арсенал во ПЛ... Имаме дуел со Сандерленд, наредно коло, а ако се сеќавам добро, лани изгубивме на „Стадионот на светлината“...Но, не верувам дека ке успеат да не победат повторно... Понатаму имаме дуел со ВБА дома, па одиме на Стемфорд Бриџ, после ВБА... На ред иди домашен дуел со Бирмингем, па на гости на „Сити Граунд“....До дуелот со Вест Хем, би требало да ги имаме назад и Волкот и Ван Перси, а можно е да бидат назад и за Сити... Како и да е, иди еден малце потежок период за нас... Измегу овие мечеви играме и со Брага во ЛШ, дома, па Карлинг Куп со Тотенхем, па мечеви со Партизан и со Шахтјор до крајот на октомври...

Не планираме бодови пред време, не планираме резултати... Само нека си играат дечките и нека не ни е гајле за тоа колку победувал Челзи или кога примал голови Јунајтед... Јас, сакам Арсенал да победува, се друго е автоматски (ако си на ФОН, тогаш аФтоматски се пиши:) ) проследено...


Поздрав
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Лорен - Дечкото изигра топ и сум доста позитивно изненаден од неговата игра во воздуш. Еден дуел не изгуби и во воздуш и како старт. Најмногу ми се свиѓаше што сите беа чисти без фаул. Нека продолжи вака и одбраната ќе немаме проблем. Па на моменти мислам дека сам се бореше. Иако направи кикс за голот сепак нема да му замерам затоа што изигра доста стабилно.
Да додадам дека играше против еден Дејвис одлично се гради и игра со глава..
Сонг - ЦАР, како само им ги сечеше акциете и како цврсто игра заслужува почит. На почеток малку пасовите му беа непрецизни али тоа и не му е задача затоа и ен му замарам за тоа. Али второ беше мислим најзначаен човек во дефанзивната одбрана и најзаслужен што болтон немаа контра. Посебно ми се свиѓа што продолжува со одличната игра од лани.
Сонг скоро цел натпревар играше АМ.Да пресече доста акции,но и направи неколку грешки/лоши пасови во опасната зона,затоа треба да се спомне тоа,бидејќи против посилни екипи знаат и те како тие грешки да ги казнат.Како што реков ,најверојатно некоја тактичка замисла на Венгер беше ротирањето помеѓу тројцата играчи во средина шо на крајот резултираше со гол на Сонг.Сепак кога играме против посилни екипи не сакам толку да се избацува напред.:))
Цеск - Што да кажам за него. Во ногана има ласерски нишан за пас. Друго не е потребно да се каже.
МОТМ,си ја враќа формата капитенот.3 асистенции,а можеше и повеќе да има,ако Аршавин беше реализаторски расположен.

Аршавин - Ах аршави што да се прави со него. Се е одличен брз е им бега али за завршницата никако да му тргне. Едино добро на овој натправар е што не беше мрзелив и покажа повеќе залагање, па така да бидејќи победивме нема да му замерам за пропуштените шанси.
Се разбуди вчера русинот.Конечно и тој малце да трча.Според мене иако промаши доста шанси,изигра солидно.Ротираше добро со Шамак,имаше добри спринтови,но не беше доволно сконцентриран во завршниците.Се надевам дека ке го среди тоа,па против Брага ке даде некое голче.:))
Росицки - Неако ми беше во вториот дел изгубен, но и целата игра беше по десната страна па затоа можеби и не се примети. Имаше некој добар пас, посебно оној првиот до Аршавин беше совршенство, али некако се подзагуби во вториот дел. Сепак не беше толку лош иако можеше и тој да ја подобри завршницата.
Вистинскиот Росицки неможеме да го видиме на крилните позиции.Неговото место е во средината на теренот.Во второто полувреме падна малце,но се на се имаше солиден перформас.
Дијаби - кратко изигра и незнам дали го извадија поради повреда или поради темпераментот и можноста да направи глупост па да добие и црвен картон.
Море требаше да му бапне една,и така сега ќе биде отсутен поради повредата...:))
Денилсон - малку изигра но од тоа солиден
Очекувам Дени да стартува против Брага и да распали една бомба од далеку,немаме таков гол сезонава дадено,нели?:)

Вела - само нека остане фит и нека не се повредува кога игра за репрезентацијат и ќе има шанса да докаже дека заслужува да игра во прв тим.
Да ги има минутите што ги имаше лани Едуардо,ќе биде супер.Верувам дека ќе се покаже одлично.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Аршавин да грее клупа следниот натпревар да го видиме Вела детето заслужи минутажа поголема.
Исто како на времето Волкот кога не го ставаше мн. фрустираше
Во време кога Волкот и ван Перси се повредени, тоа би било глупава идеја.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom