"Не се плашам од казна. И во иднина така ќе славам. Полн сум со емоции и во натпреварот секогаш се внесувам максимално. Ако од фудбалот ги изнесете чувствата, нема да остане ништо. Такви натпревари никого не би интересирале бидејќи и навивачите гледаат фудбал со емоции. Нималку не жалам поради славењето пред навивачите на Арсенал", рече Адебајор.
Тој и минатата недела истакна дека одамна бил лут на навивачите на лондонскиот тим поради навредите што му ги упатувале минатата сезона, но и поради нивното безобразно однесување на самиот натпревар на кој постојано беше цел на вербални напади. Во оваа пригода призна дека во летниот преоден рок воопшто не сакал да го напушти Арсенал, но откако стигнала понудата од Сити, Арсен Венгер одлучил дека не му е потребен. Оттука, уште повеќе го боли однесувањето кон него од страна на навивачите на Арсенал.
"Многу сум разочаран од нив бидејќи со години уживав во Арсенал. Единствениот виновник за моето заминување е Венгер", додаде Адебајор.
Инаку, Тогоанецот забележа одличен старт на сезоната и пред суспензијата стигна до четири гола во Премиер-лигата.
ИДИОТ !!!
Утре играме во 18 30 на Кревен Котиџ !
Екипа која е цврста, добра и која добрите пласамни ги има благодарение на домашните триумфи ! Лани имаше 10-15 победи од кои против Нас, Јунајтед и Ливерпул !
Мислам дека оваа година треба да им вратиме за лани, и мојот предлог е околу 2-4 гола на натпреварот или повеке голови во второ !
Ке видиме !
Директно на РТЛ, Сител, Пинк М !