Случајно ми налета низ нет на Пирло дипломската.
Некоја книга од него како сака да ја постави играта, на италијански е, ако сака некој нека ја ѕирне може ке ве интересира.
Интересно да се прочита каква филозофија има и каков фудбал сака да игра. Воглавно сака напаѓачки фудбал со многу посед каде сите 11 играчи учествуваат во напад и одбрана. Манипулирајќи ги просторот и времето целта е да се контролира играта. Што значи,точно позиционирање на терен и точен тајминг кога да се напаѓа,кога да се прави пресинг и сл.
У фаза на дефанзива ќе се прави висок пресинг да се освои топката што е можно побрзо. Главната цел не е да се земе топката затоа што има ризик да изгубиш дуел на средина на терен поготово со потехнички играчи туку да се затвори простор и да се натера противникот на грешка. Правеле некои истражувања на топ тимови и во просек имало околу 30-35 на утакмица ваков пресинг со 70% успешност. Времетраењето на овој пресинг било околу 5 секунди и вклучувало 2 до 5 играчи. Што значи дека ова треба да ни биде целта кога правиме пресинг.
И кога сме во позиционен напад дефанзивците кои не се корисни во напад треба да мислам веќе на дефанзивата и на контра пресинг на напаѓачите во зависност од карактеристиките. Пример,ако некој напаѓач кои се добри во градење на топка како Лукаку треба повисок пресинг да се проба да му се пресече топка,додека против побрзи и технички напаѓачи треба да се мисли да не се остава многу простор позади.
У фаза на напад зависи од карактеристиките на играчите од средина. Ако имаш технички играчи во средина креираш позиционен напад а ако имаш играчи кои се физички спремни ти овозможува брза транзиција во напад. После збори за превентивна игра,што значи оние играчи кои не се орисни веќе во двете фази да ја предиват транзицијата во напад или одбрана.
Ова е накратко има доста други ствари што како идеи се добри. Работата е сеа тие идеи да ги пренесе на играчите. Остајте тоа што делува ко лабилен тип и кур го боли,може е повлечен и слично,нека не ве залажува тоа,не мора да значи тоа ништо. Да си тренер не мора да значи дека треба да бидеш ко Чоло Симеоне удрениот да покажува муда на терен. Пирло нема потреба да урла на терен,неговата игра на терен доволно збори,он се потпира на техника и офанзивна игра,Чоло дур беше играч беше копач и се потпира на агресија,дефанзива и јак пресинг слично ко Конте иако Конте има и добри офанзивни тактички замисли.