Никој не спомнува дека и официјално со Гонзало е раскинат договорот. Фала му на се, имаше многу клач голови ама вистинско време беше за разделба.
Особено головите против редовните пациенти интер на меаца вечно ќе му ги памтим. Глас имам изгубено у тие моменти, особено на тој за 2-3.
Многу го засакав како играч, без разлика што на моменти ме вадеше од такт. Сепак, генерално не може да му се забележи ништо, имаше глад во него, секогаш даваше 100%, страшен инаетчија.
Сега баш му ги изгледав головите, огромна штета е што многу брзо падна од форма. Видете му ги само головите во првата, 2016/2017 сезона
Кое движење, осет, позиционирање и реализација. На прва, брзо, без многу мислење и филозофија. Таа сезона, заедно со Пјаниќ ни беа најдобри фудбалери, праваше разлика на теренот, особено против помалите екипи. Не се ни нервирав на утакмиците, со многу едноставен пристап ги решававме со головите на Игуаин.
После тоа никогаш не беше истиот, ама секако му остануваат двата гола на дерби мечевите против Интер, овој сезонава и особено оној во 2018 година
.
Гол за Скудето без дилема, Скудето кое бевме најблиску да го изгубиме, ама благодарение на него (и на Орсато секако
) не ни ја прекинаа серијата.
За Џеко, освен првата сезона со Рома кога беше многу лош, наваму си гази. Имам високо мислење за него, очекувам солиден импакт.