После преселбата на Красиќ на трибините италјанските медиуми убедени дека србинот ќе го напуштиЈувентус,но тој демантира...
Најновите вести што се шират е дека Јувентус би можел да им го понуди на Манчестер Сити Красиќ во замена за Тевез,но Јувентус би требало да доплати за аргентинецот а проблем се и неговите огромни примања.
Според најавите Конте е во потрага по играч кој што сјајно би се прилагодил со Матри и кој што може да го крене квалитетот на екипата за борба на скудетото.
Меѓутоа во изјава за српските медиуми Милош Красиќ изјави дека тоа се само глупости и дека нема намера да си оди.
“Не одам никаде,одлуката на Конте беше да не бидам на клупата во вторникот.Имаме одличен однос,морам да работам напорно и да се вратам во старата форма.Само да бидам здрав.Повторувам никој не контактираше со мене ниту со мојот менаџер.Така да клубот нема намера да ме продаде”изјави Красиќ.