Во првото полувреме игравме катастрофално, но една од најголемите предности на Алегри е што може да ги свати недостатоците на тимот, и за 15 минути го трансформира тимот во машина. Многу добро ја умртвивме играта, класично италијанско катанаџо, и по вторпат играчите на Реал освен со центаршутеви незнаеа како на друг начин да нападнат. Кога го дадоа голот, како да изгубив надеж за финале, не верував дека ќе дадеме гол, со оглед на тоа што Тевез синоќа беше криминално лош, а тој ни е најважната алка во нападот. Али затоа класика италијанска, од нигде и никаде, без никаква акција Мората даде гол
.
Сега со Барса незнам што ќе биде, ептен им е јак нападот и средината, али мислам дека одбраната им е слаба страна. Несмееме први да примиме гол во Берлин, дека тогаш ќе треба да се отвориме, па можат напаѓачите на каталонциве да не фатат на контра. Се надевам дека Алегри ќе го надмудри Енрике, дека овој не ми изгледа како некој мастермајнд, доволно е да ги пушти МСН во напад, и ќе му дават голови.
Јувентус оваа сезона само од ЛШ заработи 100 милиони евра...
[DOUBLEPOST=1431590100][/DOUBLEPOST]Во Среда го играме финалето од Купот против Лацио... причина повеќе против Интер да настапат Де Чеље и Падоин