Не изигравме којзнае што, ама така и треба на дерби натпревари нагости. Ми се допадна тоа што Алегри не ги пушти играчите да трчаат како муви без глава уште на почетокот бркајќи рани голови, туку остави да се смири работата и после тоа да се обиде да дојде до резултат. Пишав и во Серија А темата, а ќе пишам и овде дека имавме малку среќа. Посебно што Де Гузман промаши еден на еден со Буфон во првото полувреме, па после шансата на Игуаин кога Киелини го блокираше и на крај тој црниот лик од Наполи кој се реши да глуми пенал или што и да беше
Двата тима направија грешки во одбрана и тоа големи, но ние многу подобро ги искористивме и затоа постигнавме три гола, а Наполи само еден. Од друга страна не ми е јасно како остана Бритос сам при корнерот
, па дури немаше ни директен чувар. Од овој натпревар треба да ги земаме бодовите и да заборавиме се друго. Не извлече индивидуалноста, но од другата недела потребно е свртување нов лист и многу поквалитетна игра. Сега имаме три натпревари по ред на домашен терен од кој еден во купот против Верона, па потоа во лигата против Верона и против Киево. И во трите натпревари ни се потребни победи и тоа без да примиме гол. Алегри ќе мора многу да внимава со изборот на играчите, посебно што наредните два натпревари се играат во рок од три дена. Во купот треба да им се даде шанса на Џовинко, Коман, Падоин и слични. Се надевам дека на Касерес не му е ништо, бидејќи му требаат натпревари да се врати во играчка форма. Евра во последно време се консолидираше и успеа да внесе некој баланс во својата игра. Се надевам дека така ќе продолжи.
Маркизио по не знам кој пат за мене е играч на натпреварот, бидејќи неверојатно добро игра на двете страни на теренот. Видал и Љоренте имаат пролазни оценки, додека Тевез не одигра ништо. Алегри исто има пролазна оценка, пред се поради смирениот пристап во играта, но уште многу има за работа.