Да пишам збор-два за утакмицава...
ФОРМАЦИЈАТА
Синоќа се виде колкава е разликата кога играш со 4-3-1-2 и со 3-5-2. Колку само убаво и течно ни одеа акциите, ги напаѓавме буквално од сите страни, а не само од крилата. Незнам како дадовме само 3 гола... да погодевме барем пола од шансите што ни се укажаа, сигурно јужниве ќе примеа седум комада. Кога го примија вториот гол, готов бев да ја запалам зградава, ама среќа одма се вратија. Тоа значи дека си ја сватиле сериозно задачата, и навистина ме радува таквиот начин на пристап, првпат да ги видам вака да загризат под водство на Алегри... под Конте секој натпревар им беше таков

. И после синоќешниот натпревар, Алегри ако продолжи да ја користи 3-5-2 во наредните мечеви што следуваат, значи дека на човекот му фали некоја жичка во главата... фановите бараа промена на формацијата, синоќа ни се исполни желбата, и одма се видоа резултатите. Тоа е тој Јувентус што сакам да го гледам и во иднина, да гризат на терен, да си ги заслужат парите што ги земаат, да не го оцрнуваат името на клубот. Се надевам дека дуелов со Олимпијакос ќе е увертива за она што ќе следува наредните мечеви во Серија А и ЛШ. За дуелите со Малме и Атлетико нема калкулации... одиме на победа, победа, и само победа. Сами си ја решаваме судбината, после фијаското минатата година, несакам пак да си играме курот на терен, и пласманот понатаму да биде ставен под знак прашалник
ИГРАЧИТЕ
Играчите синоќа беа феноменални, а како најдобри на теренот се издвојуваа Пирло, Тевез, Љоренте, Лихтштајнер. Е сега што се однесува до одбраната, факт е дека синоќа не беа на потребното ниво, но ај да ја свртиме малце приказната. И Бонучи и Келини веќе месеципол играат без одмор... одкако се повредија Барѕаљи, Касерес, Мароне, Мота и сега Огбона, двајцава буквално ги одиграа сите минути последниве неколку натпревари, па можеби заморот, и падот на концентрацијата си го направија своето. Да беше некој небитен дуел од Серија А ќе се снајдеа некако, но ова беше натпревар од ЛШ, каде што секогаш треба да се даде 102,5% од себе, и нажалост вчера потфрлија. Жива среќа е тоа што нападот на вчерашниот меч беше расположен, па успеаа некако да се извлечат. Така да кога ќе бидат фит другиве дефанзивци,
МОРА да им се даде на Бонучи и Келини еден или два меча пауза, колку да земат малце душа.
Него најголема глупост вчера на Олимпијакос им беше тоа што не поставија човек да го чува Пирло

.Не очекував такво нешто од Гејциве... синоќа Пирло царуваше на средината, му беше оставен простор колку што му душа сака, и нормално овој максимално го искористи тоа. Слободниот удар, нафрлањето кон Љоренте за вториот гол, залагањето негово на теренот и убер прецизните пасови премногу влијаеа на нашата игра, позитивно се разбира. Тоа е тој стар, добар дедо Пирло кој сите го знаеме

. Видал е време малце да ги смири живците, и да почне посериозно да пристапува на мечевите. Промашениот пенал може крајно негативно да се одрази кон пласманот понатаму. Тевез ти е играчиште, толку за него, секој збор понатаму за него е излишан. Љоренте синоќа ме изненади со перформансот, ептен потсети на минатата сезона кај нас, и оние сезони што ги имаше во Билбао, нека продолжи така, и ќе си ја поврати формата исто како Пирло

. Падоин вчера беше како пиунче во шахот. Знае да направи некој потег, ама вооглавно повеќето од времето е само сметало на таблата

.
ТРЕНЕРОТ
Алегри треба уште да се докажува кај нас. Се надевам дека она синоќа не беше само повремен блесок, и мислам дека конечно дојде неговото време да ја тргне 3-5-2 на Конте, и да си тера по негова желба. Уште еднаш ќе пишам... после синоќешниот настап на играчите, ако и понатаму продолжи во наредните натпревари да ја користи застарената формација, тогаш човекот не е со сите.
DEVIANGEL