Ај и јас да го сумирам претходниов ден.
Секој си има своја агенда и свои проблеми така да нема да им земам замерки на никој. Ако работата чкрипи поарно секој по својот пат отколку сосила да исправаат криви Дрини. Најверојатно управата го влечеше за нос неколку трансфер рокови и вчера нешто пукна.
1. Добро е што веднаш назначија тренер (иако не ми е многу по кефот). Ова значи дека управата имале „џокер“ в ракав при муабетите со Конте и за нив заминувањето на Конте не беше како гром од ведро небо туку колку толку калкулиран потег.
2. Конте. Фала му за се шо направи во Јуве. Јасно е дека го сакаше Јуве и јасно е дека беше повеќе од одличен мотиватор. Арно ама тактички јасно е дека имаше фурни леб за јадење. Како и да е не му замервав премногу за испадите во ЛШ оти имаше континуирано подобрување кај тимот. Е сега мал проблем е дека беше тврдоглав и детинест со барањата. Ама кажав секој со замислата.
3. Алегри. Во Каљари ми делуваше супер бидејќи успеа да извади максимум од просечен тим (арно ама збораме за тим на кој воопшто не му е проблем да одигра нерешено и на крај да биди задоволен, значи не е некое мерило, исто и Закерони беше добар во Удинезе). Во Милан успеа да освои серија А против 0 противници, шинтер во распаѓање и останатите во транзиција, а сезоната во која требаше да е фаворит успеа да се распадни на крај од супер мотивираниот Јувентус на Конте. Останатото го знајте, Берлускони го има клаено тимот на распродажба и ако некој мисли дека Ањели не инвестира во Јуве, нека го види Милан последниве години. И покрај ваквиот тим Алегри успеа тактички да покажи нешто во Европа. Милан имаше супер индивидуалци но и изрешетени позиции. Сепак она шо најмногу ми смета кај Алегри е дека беше марионета и упорно си седеше во Милан покрај распад системот. Значи за пропаста на Милан прво крив е Берлускони па потоа Алегри.
4. Финансии. Како шо имам многу пати досега кажано, Јувентус е клуб кој атакува на титули ама при тоа си пази на буџетот. Можеби ситуацијата на Италија во интернационални размери малку го хендикепира ама и покрај тоа успева да им држи лекции за маркетинг на останатите клубови во Италија. Алегри сигурно нема да биди напорен за управата како шо беше Конте и по ова прашање ќе си најдат заеднички јазик.
5. Погба, Видал и остали. Кажав на почеток дека секој си има своја агенда и истата ќе ја почитувам. Марота исто кажа дека не планира продажби ама да не се лажиме не сме мали деца, не му вервам на Марота во изјавите. Разбирам дека то е дел од неговата работа и мора да манипулира со медиумите и луѓето. Ако кажва пред новинари се тогаш тешко Јувентус. Многу е јасно дека овие двајца со нивниот потенцијал на пазарот и политиката на клубот нема да седат уште долго. Прашање е како ќе се реинвестираат парите. А да и можеби управата се малку стегнати за купување на играчи ама сигурно не се блесави за кило кикири да се откажат од овие така да не им вервајте ниту на Дејлишит.
За крај кажав дека Алегри не ми е најомилен избор, но добро е шо не е принуден избор туку делува дека управата си го планирала совреме. Ми смета тоа што е послушник пред управата, ама ок е дека тактички е зрел. Во однос на меркатото ќе почекам да ја видам управата како ќе се покажи. Јасно е дека малку ќе се релаксирам за викенди и дека нема да имам којзнај какви очекувања.
Ме интересира следново, дали тимот беше предобар, а Конте не успеа да го искористи во ЛШ или пак Конте успеваше од банда да извади максимум. Ајде Алегри одговори ми на ова.