Марчело Липи колку за информација која веројатно намерно или ненамерно ја запостави, после 4 успешни сезони во Јувентус, премина во Интер. Или јас имам друг Јувентус пратено? Трапатони 10 години во Јуве, па премина во Баерн,Интер па се врати во Јуве? Ама тоа не се смета нели?! Од каде си толку сигурен дека и Конте нема да се врати пак?! Што треба сега трагедизирање, ако си заминал Конте, Јувентус под стечај да го пуштат?! Липи после освојување на ЛШ и финале во ЛШ премина во Интер, што требаше тогаш ете Џани и Умберто Ањели беа живи, (гледам оти Андреа го плукаш) оти не го запреа тогаш?! И веднаш после го зедоа Карло Анчелоти, кој патем Моџи го отпушти НА ПОЛУВРЕМЕ на последниот натпревар во првенството. Отиде во Милан, и Анчелоти со нив освои се што може да се освои. Липи после се врати во Јуве. Јас убаво ги паметам овие времиња, и тогаш се критикуваа Ањели, и денес се критикуваат..Ама да не беа тие Ањели и да не вложуваа во Јуве, сега за којзнае кој тим ќе навивавме.
А буџетот на клубот не е весела математика, си има луѓе задолжени за тоа, и се знае колку се може да се инвестира. Ете го Тохир во Интер. Човекот е буквално МИЛИЈАРДЕР, вчера го купи Интер, оти не лупа пари на меркатото? Берлускони?! Од Македонија да ја гледаш состојбата и да играш Фудбал Менаџер, и да водиш тим не е еднаква работа. Италијанските екипи се сите до една во подредена состојба во однос на другите лиги, тоа го изјави едно дестина пати Ањели и работите мора да се сменат од корен во целата лига да го крени квалитетот и да може клубовите да бидат компететивни на Европско тло. Убаво рече Моџи вчера, да водиш екипа, треба да ги балансираш сите компоненти.
Во клубот има луѓе што вредат. Ваљда Конте не ги освои САМ титулите, тука се играчите. Верувај, секој вистински навивач на Јуве е во шок, и во неверување после вчерашната вест-бомба, но ова не е прв пат Јуве да го напушта тренер од висок калибар.
Во право си дека Конте најмногу се залагаше и се останато. Ама потсети се од кога постои Јувентус кој најмногу се залагаше за Јувентус и кој го направи? АЊЕЛИ! Верувај, ако им беше за пари на Ањели, ќе го продадеа клубот кога ги префрлија во Сериа Б! Ама тоа не им се смета.
Не им се смета и тоа на Јуве дека кога Конте беше вмешан во скандалот со Бари, Јувентус ЦЕЛОСНО И БЕЗРЕЗЕРВНО застана во негова одбрана. Дури Претседателот Андреа Ањели ја ангажираше НАЈДОБРАТА АДВОКАТКА за да го брани на суд, и да му извлечи што е можно помала пресуда. И кој застана позади него кога го казнија? Јуве,Ањели и Марота.
Моџи си кажа убаво. Тренерите не остануваат вечно, доаѓа време кога се менува тренер, и тоа е нормална транзиција во тимот.
Јас уште од почетокот кога Јуве се поврзуваше со Итурбе, напишав дека за играчот не смее да се даде повеќе од 18 милиони евра. Ниту цент. Една сезона во Италија, не значи дека и во ЛШ ќе игра така, а не значи и дека нема да биде втор Амаури, така да ризикот е голем.Впрочем, и првата понуда на Јуве беше толку, 16-17 милиони. Верона ја одби понудата, ама Конте го сакаше силно и Верона успеаа до вчера да имаат 27 милиони сигурни од Јуве. Па за овие пари, има далеку подобри опции отколку играч кој изиграл една сезона на високо ниво. 30 милиони се премногу. Едноставно, лудост. Па Крос го зеде Реал Мадрид за 25 милиони.
Ако стани Конте тренер на Италијанската репрезентација, тогаш ќе стани јасно што била најголемата причина за тоа што го напушти Јувентус.
Му посакувам ДОБРЕДОЈДЕ на Алегри. Иако сум скептик, се надевам дека ќе ми го промени мислењето и ќе ме демантира. Сега кога веќе неговиов трансфер е официјализиран, му треба поддршка да го зачува мирот во тимот, и да почне на раат да прави подготовки со тимот. Да направат НОВА трансфер стратегија со Управата и да МУ ГИ ДОНЕСАТ играчите што ги бара.