Кој што сака нека каже,али и со неговите 38 години ќе беше попродуктивен од цел наш напад,посебно од Матри,Бентнер и Кваљарела.Вакви играчи се чуваат во тимот се додека сами не решат да се пензионираат,односно додека нема да можат со еден потег да решаваат мечеви.
Сега читам дека и Тоти сакал да игра до 40 години,а верувам дека и Рома ќе му ја исполни желбата,може нема да игра со оваа минутажа,но секогаш ќе биде тука да им помогне од клупата.Вакви играчи,вакви десетки тешко дека ќе има Италија во скоро време.Тоа се играчи од старата гарда,кои злато вредат.Не за џабе Фергусон во Манчестер(кој има далеку поголем избор на квалитетни играчи во тимот,во споредба со Јуве),сеуште ги чува еден Сколс и Гигс.
Кажав и минатата година,ова е втора грешка на раководството на Јуве,по онаа кога решија да го продадат Трезеге и тоа во сезоната под водство на Дел Нери,кога Јуве го имаше најочајниот напад.